Отпечатник
Отпечатник, дактилоскоп[1][2] или читач на отпечатоци на прсти — биометриски безбедносен систем. Овие уреди се користат во полициски станици, индустрии за безбедност, паметни телефони и други преносни уреди.
Функционирање
уредиСекој има обрасци на гребени на триење на прстите, и токму овој примерок се нарекува отпечаток од прст. Отпечатоците од прсти се уникатно детални, издржливи во текот на животот на поединецот и тешко се менуваат. Бидејќи постојат безброј комбинации, отпечатоците од прсти станаа идеално средство за лична исправа.
Видови отпечатници
уредиПостојат четири вида на дактилоскопи:[3] оптички читач, капацитивен читач, ултразвучен читач и топлински читач. Основната функција на секој вид читач е да се добие слика од отпечатокот од прст на некоја личност и да најде соодветен на него во својата база на податоци. Мерката за квалитетот на сликата од отпечатоци е во точки по инч (DPI - dots per inch).[4]
- Оптичките читачи прават визуелна слика од отпечатокот од прст користејќи дигитална камера.
- Капацитивните или CMOS читачите користат кондензатори и со тоа електрична струја за да формираат слика на отпечатокот од прст. Овој вид читач се истакнува во однос на прецизноста.
- Ултразвучните читачи за отпечатоци користат звучни бранови со висока честота за да навлезат во епидермалниот (надворешниот) слој на кожата.
- Топлинските читачи ги чувствуваат температурните разлики на контактната површина, помеѓу испакнатите и вдлабнатите делови на отпечатоците.
Сите читачи за отпечатоци се подложни на измама со техника која вклучува фотографирање отпечатоци од прсти, обработка на фотографии со помош на специјален софтвер и печатење копии од отпечатоци со помош на 3D печатач.[5]
Конструктивни облици
уредиПостојат две конструкциски форми: фиксен и подвижен читач за отпечатоци.
- Фиксен: Прстот мора да се влече по малата област за скенирање. Ова е поевтино и помалку сигурно од подвижниот читач. Квалитетот на сликата зависи од постојаноста на брзината со која се влече прстот.
- Подвижен: Прстот лежи на областа за скенирање додека читачот работи под него. Бидејќи читачот се движи со постојана брзина преку отпечатокот од прст, сликата е квалитетна.
Облици
уредиСамостојни отчитувачи
уредиМајкрософт вовел читач на отпечатоци во 2005 година.[6]
Интегрирани отчитувачи
уредиОд почетокот на 2000 година, некои лаптопи со поддршка за сметачка картичка можат да бидат опремени со отчитувачи; на пример, Compaq Armada E500 може да биде опционално опремен со надворешен отчитувач на отпечатоци од 2000 година - модулот за отчитување го вовела Тошиба.[7] IBM произведува лаптопи со интегрирани отчитувачи од 2004 година.[8] Маркетиншкото име на Епл за електронско препознавање отпечатоци од прсти, познато како Touch ID, било воведено во 2013 година само за паметни телефони, а опцијата за лаптоп била објавена дури во 2016 година. Имплементацијата била одложена до 2013 година само затоа што интегрираниот со оптички читач за патеки бил патентиран од RIM ( Blackberry) во 2004 година.[9] Блекбери произведувал паметни телефони со отчитувачи од 2010 година - првиот модел со оваа функција бил Blackberry Curve.[10]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „дактилоскопија“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „дактилоскопија“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Rouse, Margaret (March 2021). „Experts Agree: Face ID Is Not The Answer, In-Display Fingerprint Sensors Are“. display. E3displays. Посетено на 8 March 2021.
- ↑ Sadasivuni, Kishor Kumar; Houkan, Mohammad Talal; Taha, Mohammad Saleh; Cabibihan, John-John (August 2017). „Anti-spoofing device for biometric fingerprint scanners“. 2017 IEEE International Conference on Mechatronics and Automation (ICMA). IEEE: 683–687. doi:10.1109/icma.2017.8015898. ISBN 978-1-5090-6758-9. Архивирано од изворникот на 2021-01-17. Посетено на 2020-10-27.
- ↑ Winder, Davey. „Hackers Claim 'Any' Smartphone Fingerprint Lock Can Be Broken In 20 Minutes“. Forbes. Архивирано од изворникот на 2019-12-19. Посетено на 2019-12-19.
- ↑ Luepke, Lara. „Microsoft Wireless IntelliMouse Explorer with Fingerprint Reader“. CNET (англиски). Посетено на 2021-07-02.
- ↑ Vaidya, Gopika. „CNN.com - Technology - Toshiba outfits laptops with fingerprint reader - November 22, 2000“. edition.cnn.com. Посетено на 2021-07-02.
- ↑ „IBM Introducing Fingerprint Reader into Laptop | Security | TechNewsWorld“. www.technewsworld.com. Посетено на 2021-07-02.
- ↑ Sacco, Al (2013-10-04). „Before Touch ID: BlackBerry Filed for Trackpad-Fingerprint-Scan Patent in '04“. CIO (англиски). Посетено на 2021-07-02.
- ↑ Cha, Bonnie. „BlackBerry Curve 8520 review: BlackBerry Curve 8520“. CNET (англиски). Посетено на 2021-07-02.