Отоманското Царство во 17 век
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Владеењето на Мехмед III
уредиМехмед III бил турски султан кој владеел од 1595 до 1603 г. Тој важел за многу побожен владетел. Познат е по тоа што им доделувал имоти на дворските шутови, што претставувало голем преседан бидејќи имоти обично се доделувале на луѓе кои добивале заслуги во војните и коишто морале да јавуваат во војни походи на повик на султанот. Сепак со државата фактички управувал големиот везир Ибрахим како и неговата мајка. Во негово време се водела австриско-турската војна која започнала уште во 1593 г. за време на неговиот претходник Мурат III. На страна на Турците се бореле и Татарите. Во 1599 год Турците ја опсадувале Виена. Австријците го зазеле Егер. При опсдата на Виена загинал Сатурџиј еден од најверните пријатели на татарскиот кан Гизи-Гирај. Со цел да го смири татарскиот кан и да го задржи на нивна страна во Сомбор бил испратен беглербегот Сиваш Махмут. Започнале преговори за мир. Турскиот командант Сулејман ја повлекол опсадата на Виена. Притоа изјавил „ сега ја спасив својата душа од Карло Петти“. Од австриска страна преговарачи биле : надбискупот Иван Кутасу, Фрањо Надасду, Бартоломеј Пезен и Палфу, а од турска страна биле: Мехмед помошник на големиот везир, кадијата Хабил, агата Ферхад од Будим и гркот Александар Палеолог кој бил претставник на татарскиот кан. Преговорите не донеле резултати. Сулејман бил заробен а командата над турската армија ја презел намесникот на градот Дијарбек Мурат. Во меѓуврме дошло до несогласување меѓу везирот Ибрахим и кримскиот кан Гизи-Гирај. Под водство на Ибрахим во редовите на турската војска владеела дисциплина со што успеал да го придобие христијанското население на своја страна. Во тој период дошло до преговори со Французите и Валонците кои барале да им се испалати годишен данок од 60000 златници, а за возврат тие ќе го предадат Столен Белград кој бил во нивни раце. Им било ветено дека најпрвин ќе им се исплатат 10000 златници а подоцна останата сума. По четириесет дневна опсада тврдината им била предадена на Османлиите. Во овој период се случувале разни побуни на спахиите. Една од поважните побуни била била во престолнината поради која бил сменет кајмакамот на градот. Наскоро избувнала и побуната во Керекешт која што траела триесет години чиј водач бил Абдулхалим Карајазиџи. Побуната се раширила низ цела Мала Азија и Карајаџизи се прогласил за госоподар на цела Мала Азија. Во меѓувреме дошло до одцепување на Влашка под водство на Михаило. Ибрахим паша испратил свои луѓе да преговараат со Михаило. Михаило започнал да соработува со Турците што било причина да се побуни Ердељскиот владетел. Во тој период заповедникот на дунавската граница и кипарскиот беглербегот Шабан влегле со својата војска во Влашка и извршиле грабежи и пустошење и го убиле Михаило и неговите соработници. Започнале преговори за мир со Унгарија. Наскоро умрел големиот везир Ибрахим паша. На негово место бил поставен кајмакамот Јемиши Хасан паша. По деветнаесет дена Хасан паша тргнал со војска во Земун. Бил освоен Столен Белград. Австриската војска се повлекла кај Палота. Австрискиот надвојвода Фердинанд со 30000 војници го опсадувал градот. Во меѓувреме во Азија продолжувала побуната предводена од Абдулхалим. Кај Кајсери тој го победил Хаџи Ибрахим паша. Во тој период за везир наместо Хасан паша бил поставен Хусрев паша намесникот на Дијабекер. Во тоа време дошло до заеднички напад на Шпанците, Малтежаните и Фирентинците на Тунис и Алжир, меѓутоа нападот на Алжир бил без успех. Во август 1603 г. великиот везир го опседнал Столен Белград и успеал да го заземе. По неколку месеци повторно дошло до побуна на спахиите во Цариград. Како последица на ова дошло до затворање на кајмакамот Сатџи Хасан. Тој бил ослободен од страна на јаничарите кои се побуниле против господарот на харемот Осман. За да се спаси султанот Мехмед наредил да се убие господарот на харемот. На крајот бунтот на спахиите бил задушен од страна на јаничарите. Кајмакамот Сатџи Хасан бил протеран во Трабзон, Хасан паша бил затворен, а Џагал требало да биде погубен. Принцот Махмут син на султанот побарал од татко му да го испрати против бунтовниците во Мала Азија. Наскоро принцот бил убиен. Во 1600 год избувнала војна со Персија. Персискиот шах испратил свои пратеници кај европските владетели барајќи војна против Турција. Војната започнала со опсадата на Тебриз. Војската предводена од Хазибег успеала да ги победи Персијанците и тој бил поставен за кан. Тој со својата војска стигнал до Тебриз и тука се споил со војската на Ердејскиот хан Зулфиќар. Дошло до битка во која победиле Персијанците. Тогаш Персијанците тргнале кон градовите Нахџиван и Ереван. Шериф паша побарал помош од соседните намесници но не добил помош. Во средината на ноември 1603 г. Персијанците стигнале кај Ереван. Му пратиле писмо на Шериф паша во кое барал да се предаде. Шериф паша им одговорил дека нема намера да се предаде „ Сè додека секој камен не биде платен со некоја од нашите глави, толку долго додека од нив Персијанците не направат пирамида нема никаква надеж во заземање на тврдината“. Откако во Цариград се слушнала вест дека бил загубен Тербиз кајмакамот Касим одржал состанок со везирите. Саатџи Хасан бил поставен за водач на војната со Персија. Наскоро умрел и султанот Мехмед III.
Владеењето на Ахмед I
уредиПо смртта на Мехмед III на власт дошол неговиот син Ахмед I 1603-1617 г. Кога стапил на власт имал само 14 години. Тој дозволил неговиот помлад брат Мустафа да остане жив, но го затворил во дворецот. Голем везир станал Јауз Алија Малкоч, втор везир Касим паша, а трет везир Курт паша. Притоа биле избрани двајцата беглербези. Со Анадолија управувал Џагал-оглу, а со Румелија големиот везир. Во Азија продолжувала војната со Персија. Персискиот шах го опседнувал градор Ереван шест месеци. По неговото заземање ги заземал Шамахи, Ширван, Акџекала и Карс. Ханот Емирган дошол со војска пред тврдина Карс во Грузија и наскоро ја освоил. Во јуни 1604 г. Џагал-оглу тргнал со војска против Персијанците. Персискиот шах стигнал пред Тебриз а Џагал-оглу стигнал пред Ширван. Потоа се повлекол во Ван а оддтаму во Ерзурум. Набрзо умрел великиот везир Јауз Алија Малкоч, а на негово место дошол Лала Мехмед паша. Во Каиро бил убиен Хаџи Ибрахим паша поради побуна а на негово место дошол Гурџи Мехмед. Во ноември 1604 на Ахмед му се родиле двајца синови Осман и Мехмед. Во Азија продолжувале побуните на спахиите. Во периодот од 1604 до 1606 г. се воделе преговори за мир со Австријците. Завршиле со потпишување на житванскиот мир на 11 ноември 1606 г. Со овој мир бил укинат годишниот данок од 30000 златници, австрискиот цар и султанот станале рамноправни, се престанало со упаѓањата и ограбувањата, селата кои претходно ја признавале османскат власт и плаќале даноци и натаму ја признавале. Ердеј станал полунезависен од османскта власт, а Унгарија останала слободна но морала да им плаќа данок на Османлиите. Житванскиот мир претставувал почеток на опаѓање на силата на Османлиското Царство. Во овој период повторно дошло до побуни во Азија. Хусеин паша бил убиен при опсадата на Роха. Во Багдад бил убиен Јусуф паша. Анадолскиот беглербег бил помилуван, но кога повторно се побунил бил убиен. Еден од бунтовниците Џанбулад барал да му се признае право да кова монети како и молитва во негово име и склопил сојуз со тосканскиот влики војвода Фердинанд. Великиот везир Мурат со војската успеал да ја задуши побуната а бунтовниците биле фрлени во бунар. Меѓутоа повторно избувнала нова побуна Календероглу. Тој ги проширил границите на ајдинско-саруханскиот санџак до границите на Хамид и Караман. Добил засилување од 1000 луѓе кои му ги довел Агачген Пири од Анатлија. Тој со својата војска стигнал во Измир и испратил пратеници во Цариград со барање за примирје. Календроглу се проширил кон југ. Великиот везир Мурат трганал со војска кон Анкара. Дошло до битка во која победиле силите на великиот везир Мурат. Приврзаниците на Календроглу започнале да бегаат Бајбург, Ерзурум, Ердехан и Ереван. Великиот везир стигнал со војската во Анкара. Одттаму се вратил во Сиваш. Потоа тргнал кон Токату каде што добил писмо во кое пишувало „ Таму каде што ова благородно писмо ќе пристигне таму ќе презимиш “. Мустафа паша и Хаџи Ахмет го известиле великиот везир дека во Азија нема повече бунтовници, меѓутоа се влошила состојбата на персиската граница. Великиот везир им одговорил „ заповед на мојот падишах е да презимам во Ерзорум и потоа да тргнам против шахот“. Во меѓувреме дошло до повторно влошување на односите со Австријците. Турците сакале да постават свој кнез во Ердељ, а Австријците ги барале назад Гран, Каниз и Ерлау. Бил потпишан мир со кој Австријците им исплатиле на Турците сума од 200000 гулдени. Потоа дошло до нов договор во врска со некои села во близина на Гран. Во 1608 г. бил склопен и мировен договор со Полска сличен на житванскиот, со кој Турците се обврзувале да ги спречат Татарите да ја вознемируваат Полска, а Полјаците се оббврзале да ги спречат Козаците да ја вознемируваат Молдавија. Во 1610 г. дошло до бунт во Египет. Намесникот на Египет Мехмед успеал да воведе ред и дисциплина. Во пролет 1610 г. везирот Мутат тргнал со војска против Персија. Успеал да го освои Тебриз. Персискиот шах побарал преговори за мир. Биле испратени 40000 златници за прехрана на војската. Во 1612 г. дошло до нови преговори за мир со Персијанците. Било договорено за исплаќање на 200000 златници како надомест за освоените територии. Во пролет 1613 г. кај султанот дошол татарскиот принц Мехмед-Гирај со 4000 Татари. Во 1614 год повторно доошло до заострување на односите со Персија. Беглербегот на Дијабекр Дилавер паша и беглербегот на Ван Телели Мехмед паша тргнале кон Ереван, а емирот на Курдите против Нехавенд. Ереван бил опсадуван четириесет и четири дена. Персијанците побарале преговори за мир. Војската започнала да се повлекува. Бил сменет великиот везир Мурат, а на негово место дошол Халил капунданпаша. Тој со војска тргнал кон Молдавија против Козаците. Самуел Хорецки и Махаило Вишивески успеале да го протераат војводата Томоз поставен од Турците. Против нив биле испратени Ибрахим паша и Искендер паша кои успеале да ги победат Молдавците. Во 1617 Искендер паша ја повлекол војската од границите. На 22 ноември умрел султанот Ахмед I.
Првото владеење на Мустафа
уредиПо смрта на Ахмед I на престол дошол неговиот брат Мустафа I. Тој бил душевно болен. Власта ја имала неговата мајка. Тој имал обичај да фрла пари во реката за да ги храни рибите. Во договор меѓу Муфитјата Есад и кајмакамот Софи Мехмед паша бил свикан диванот на кој било одлучено Мустафа да биде симнат од власт а на негово место да биде поставен најстариот син на Ахмед Осман II. Ова се случило на 26 февруари 1618 г.
Владеењето на Осман II
уредиОсман II владеел од 1618 до 1622 г. Во време на неговото владеење дошло до прекин на мирот со Песија. Татрскиот хан Џанибек-Гирај тргнал со своја војска во рамнината Серава. Тука Карачи хан заповедникот на Тербиз им нанел голем пораз на Турците. Великиот везир Халил тргнал со војска кон Ердебил. Дошло до мировни преговори и бил постигнат мир. Со мирот било договорено годишно да се даваат по по сто товара свила. По овој мир бил сменет великиот везир. Во меѓувреме избувнало војна со Полска. Повод за војната било писмото на Габор Бетхелн во која тој ги обвинувал Полјаците и Козаците, кое дошло до рацете на Молдавскиот војвода Грацијан кој им го испратил на Полјаците. Бетхлен бил сменет а на негово место бил поставен Александар. Против Полјаците бил испратен Искендер паша намесникот на Очаков. Тој тргнал со војска кај реката Дњестар. По седумнаесет дена Полјаците стигнале до Дњњестра, но во нивните редови дошло до раскол. Ова го искористиле Татарите и успеале да ги порзазат Полјаците. По наредба на султанот бил убиен неговиот брат Мехмед. Дошло и до смена на големиот везир. На негово место дошол Хусеин кој бил Албанец по потекло од Охрид. Сулатнот Осман со своја војска тргнал кон Едрене, а одтаму преку балканот стиганал во Исакџија каде што изградил мост на Дунав. Го сменил тогашниот влашки војвода и на негово место го поставил Стефан Томоз. Кон крајот на Август 1621 год султанот стигнал кај Хоќин, додека полскиот канцелар со 4000 полски и 8000 германски војници се улогорил кај Дњестар. Дошло до битка во која Османлиите извојувале победа убивајќи 1000 непријателски војници. И во наредните два напади Османлиите успеале да извојуваат победа. Меѓутоа во четвртиот напад доживеале пораз што било причина за смена на големиот везир. Наскоро бил постигнат мир. На 17 мај 1622 год диошло до бунт на јаничарите и спахиите во Усќудар. Султанот не сакал да ги прифати барањата на бунтовниците. Бунтовниците го опколиле диванот и и барале за султан повторно да биде избран Мустафа. Јаничарите влегле во харемот и го прогласиле Мустафа за нов султан а Осман бил убиен.
Второто владеење на Мустафа
уредиВторото владеење на Мустафа траело околу три месеци. Овој период бил исполнет со многу глупости направени од негова страна. Овие негови глупости не му донеле почит која требало да ја има еден владетел. Дошло до незадоволство во редовите на војската.„ Веќе има три дена како светиот падишах се затворил во една соба каде што постојано се моли и плаче а со никого не зборува “. После прославата на бајрам ја забранил употребата на виното. Дошло до нова побуна на спахиите кои барале смена на великиот везир Мер Хусеин. Нов велик везир станал грузиецот Мехмед. Тој решил да заведе ред во империјата. Дошло до смена на повеќе функционери. Оние спахии кои биле успешни добиле управителски функции. Тоа довело до незадоволство кај останатите спахии. По именувањето на Дервиш паша за намесник на Будим тоа предизвикало незадоволство кај приврзаниците на неговиот претходник. Во овој период Козаците започнале со напади на црноморското крајбрежје. Против нив бил испратен Реџеп паша којшто успеал да ги порази Козаците и да зароби околу 500 Козаци. Во почетокот на 1623 г. дошло до нови побуни на спахиите. Јаничарите ја опколиле Средната џамија. Диванот донел одлука за ликвидација на Даут паша кој бил виновен за убиството на султанот Осман. Зад оваа акција стоел Мер Хусеин кој бил противник на великиот везир Мехмед паша. Мехмед паша бил протеран во Бурса, а Халил паша во Малхара. Започнале преговори за мир со Полска. Мер Хусеин којшто станал велик везир им ветил на Полјаците данок од 100000 златници. Наскоро бил задушен бунтот на спахиите. Јаничарите побарале смена на султанот Мустафа. На 20 август 1623 год султанот Мустафа под притисок на јаничарите донел одлука да се повлече. На негово место дошол најстариот син на Ахмед Мурат .
Владеењето на Мурат IV
уредиМурат IV владеел од 1623 до 1640 г. Тој важел за моќен султан. Тој бил свиреп, лукав, решителен и успеал да воспостави доминација во империјата. Тој спроведува многу мерки со цел стабилизација на состојбите во државата. Кога стапил на престолот имал дваесет години. На власт дошол со помош на неговата мајка Махпејкер. Веднаш по неговото стапување на власт повторно дошло до побуна. На чело на побуната стоел високиот службеник Бекир. Против него со војска тргнал управникот на азапската област кој исто така се викал Бекир. Дошло до битка кај Багдад во 1623 г. во која трупите кои ги предводел Сулејман паша претрпеле пораз. Дошло до повторно заострување на односите со Персија. Персијанците го опсадувале Багдад. Бекир бил заробен а потоа ставен брод полеан со петролеум и запален пред очите на цел Багдад. Дошло до смена на великиот везир. Дошло до обновување на договорите со Англија, Франција, Венеција, Полска и Австрија. Во меѓуврме дошло до нова побуна во Азија на чие чело стоел Абаз. Во мај 1624 г. против бунтовниците со војска тргнал великиот везир Черкез Мехмед. Во местото наречено Мала ливада заповедникот на бунтовниците Чапур Бекир го заробил и убил Шериф паша. Дошло до битка кај Кајсери во која дошло до пораз на бунтовниците. Водачот на бунтовниците Абаз побегнал во Ерзурум. Додека великиот везир војувал против бунтовниците капуданпаша тргнал во поход против кримскиот хан Мехмед-Гирај. Турската војска доживеале пораз од страна на кримските Татари. За нов кримски хан бил поставен Џанибек-Гирај. Во јули 1624 дошло до напад на Цариград од страна на Козаците. Против Козаците биле испратени 10000 војници. На крајот Козаците се повлекле на Црно Море. Во овој период великиот везир Хафиз паша тргнал против Персијците. Во Битката кај Керкула кај Курдистан Турците им нанеле пораз на Персијанците. Во 1626 год во Цариград дошло до побуна на војскта. Тие биле предводени од капуданпашата Реџеп и ја брале главата на кајмакамот Гурџи Мехмед паша. Нов кајмакам станал капуданпашата Реџеп. Дошло до смена на великиот везир. Нов велик везир станал Халил паша. Во 1629 го султанот Муратнаполнил седумнаесет години и можел самостојно да управува со државата. Истата година умрел водачот на бунтовниците Абаз. На негово место дошол неговиот внук Зам Мирз кој го ел името на неговиот татко Сафи. Во Кониј Албанецот Дурмиш бег побарал од великиот везир Јусуф паша да му даде сметка за своето богатство. Великиот везир му одговори „ предај го своето богатство или јас ќе ти ја скинам главата“. Во овој период започнале нападите на Грузијците. Тие нападнале на Кониј и започнале да вршат насилство врз тамошните жители. Против Грузијците великиот везир го испратил беглербегот на Анадолија. Бил заробен нивниот водач Маграв заедно со синот и четириесет Грузијци. После ова анадолскиот намесник Зор паша бил испратен против туркменското племе Бин Дели. Беговите на оваа племе му се покориле на великиот везир. Истото го направиле и останатите курдски племиња. Повторно продолжиле непријателствата со Персија. Османлиите го опседнале Багдад. По пет дена опсада одлучиле да се повлечат. Татрите упаднале во Русија но морале да се повлечат бидејќи великиот везир ги повикувал за борба против Персија. Бил обновен мировниот договор со Полјаците. Во септември 1631 год дошло до нова побуна на јаничарите и спахиите. Тие барале смена на великиот везир. Великиот везир бил сменет а на негово место дошол Хафиз паша. Ова довело до побуна во градот Дијабекар во Мала азија. Побуната траела три месеци. Тие ја барале главата на великиот везир Хафиз. Кога султанот стигнал стигнал да ги чуе нивните барања им одговорил „ немата волја да ги слушнете моите зборови зошто ме викнавте“. Великиот везир решил сам да се жртвува. „ Во име на Бога , Доброчинителот, Милостивиот, нема моќ и сила поголема од Севишниот Бог“. По ова спахиите го убиле великиот везир. На негово место бил поставен Хусеин ефенди. Сулатно се решил да издаде наредба за убиство на везирот Хусреф паша. Побуната на војниците треала веќе два месеци. На 18 мај 1632 г. султанот Мурат наредил да се убие водачот на побуната Реџеп. По неговото убиство останатите бунтовници се разбегале. Така завршила побуната. После ова настанал период на самостојно владеење на султанот Мурат IV. Во мај 1633 г. кога се прославувал роденден на еден од принцовите во Истанбул избил пожар. Поради ова султанот наредил да се срушат сите кафеани во Истанбул. Исто така било забренето пушење тутун. Продолжила војната со Персија. Во поход против Персијанците тргнал Муртаза паша кој собрал војска кај градот Мардин. Персијанците биле победени кај Тахмурахан и биле потиснати од Грузија. Тие тргнале кон Ван, но Мехмед паша добил наредба од султанот да тргне со војска против Персијанците. Во октомври 1633 г. тој стигнал со војска кај Усќудар. Во 1635 г. султанот Мурат IV решил да ја обнови војната против Персија со цел да ги поврати источните гранични тврдини. Тој со својата војска стигнал пред Ерзорум. Од Ерзорум заминал за Ереван, а потоа за Карс. Дошло до опсада на Ереван. На 8 август 1635 г. Турците го освоиле Ереван. Мустафа паша станал намесник на Ереван. Од тука заминале за Тебриз. Откако бил освоен Тебриз султанот заминал за Дијабекар а потоа се вратил во Истанбул. Во 1637 г. султанот тргнал со војска кон Багдад. Тој бил заземен во 1638 г. Потоа започнуваат преговори за мир кои траат две годни. Во 1640 г. бил потпишан мировен договор. Со овој договор Персија го задржала Ереван, а Турција го добила Ирак. Во 1639 год избувнала војна со Венеција. Причина за тоа било ограбувањето на Лоретското богатство од страна на алжирски и турски бродови што се случило во 1638 г. како одговор на ова венецијанскиот адмирал изаробил 15 турски галии на Крф. Поради ова султанот наредил убиство на сите Венецијанци во империјата како и затворање на Венецијанскиот конзул. Дошло до договор со Венецијанците на 5 ти септември 1638 г. Според овој договор на турските пирати им се дозволувало да пловат доколку не им штетат на венецијанските бродови, бил казнет заповедникот на Валона, на Венецијанците им се дозволувало напаѓање на турските пирати на отворено море, а како надомест на штетата требале да исплатат 250000 златници. По завршувањето на војната со Персија султанот Мурат се здобил со болки во коските. По тримесечно боледување умрел на 9 ти февруари 1640 г.
Владеењето на Ибрахим I
уредиПо смртта на Мурат IV на престол дошол Ибрахим I. Тој владеел од 1640 до 1648 г. Тој бил слаб владетел кој се оддавал на раскош и бил под влијание на жените. Сепак великиот везир Кара-Мустафа успевал да одржува ред и мир и да ја продолжи политиката на Мурат IV. Набрзо по стапувањето на престолот на Ибрахим биле испратени пратеници во Франција, Англија и Холандија со предлози за мир под услов да не им се дава помош на Полјаците. Биле обновени мировните договори со Полска и Венеција. Османлиите продреле во Австрија односно во долна Штаерска, го заземал селото Виштица и на тамошното население им наметнало данок. Дошло до нови преговори за мир. Мирот бил договорен во Сена на 19 ти март 1642 г. Било договорено Австријците да им исплаќаат на Турците по 200000 талири годишно. Во 1642 г. Турците презеле поход за освојување на Азов. По три месечна опсада Турците се повлекле. Бил сменет капуданпашата Сијавуш, а на негово место дошол Дуг Пијалеу. Дошло до нова побуна која предизвикала пад на великиот везир. Кусеин паша ги казнил водачите на побуната. Во 1645 г. избувнала војна со Венеција. Главен повод за војната било истоварувањето на еден Малтешки брод на јужниот критски брег. Главен потикнувач на оваа војна бил капуданпашата Јусуф. Гоелама турска војска тргнала од Цариград кон Крит. Кон крајот на јуни 1645 г. Крит бил освоен од Турците. Во 1646 г. Венецијански брод испловил на Крит и успеал да зарои 5000 луѓе. Како одговор на ова султанот Ибрахим наредил да се убијат сите христијани на островот. Муфтијата Ебусаид му кажал дека на островот живеат 200000 Грци и Ерменци и успеал да го наговори султанот да се откаже од убивањето. Бил сменет критскиот везир Султан заде Мехмед, а на негово место дошол капуданпашата Муса. Во 1646 г. Хусеин паша го опседнал градот Ретим и успеал да го освои. Во 1647 бил опседнат и градот Кандија. Потоа биле нападнат Патрас, Нов Град во Далмација и Шибеник кој не успеале да го освојат. Во 1648 год избувнала нова побуна во провинциите. Империјата била загрозена од Козаците и Венецијанците кои ги блокираат Дарданелите. Тоа предизвикало нова побуна на јаничарите и спахиите кои во 1648 г. го убиваат султанот Ибрахим I. На негово место доаѓа неговиот малолетен син Мехмед IV наречен ловец кој владеел од 1648 до 1687 г.
Користена литература
уреди- Jozef Fon Hamer- Historija Osmanskog carstva str. 141- 355 Zagreb 1979
- Драгуљуб Живоиновиќ- Успон Европе стр. 263- 270 Београд 2000 г.