Мускулно ткиво е градбено ткиво на мускулите и по својата структура се разликува од останатите ткива во организмот. Мускулите се изградени од мускулни влакна кои не се типични клетки, туку имаат форма на издолжени мускулни клетки и се мноу поголеми отколку карактеристичните, еукариотски клетки. Во внатрешноста на секое мускулно влакно се наоѓаат уште потенки структури наречени миофибрили кои се основна градбена единица на мускулното ткиво.

Мускулно ткиво
Организмот содржи три видови на мускулно ткиво: (a) скелетен мускул, (b) мазен мускул, и (c) срцев мускул. (Еднакво зголемување)
Шематски дијаграм на различните видови на мускулни клетки (по ист редослед).

Како градбен дел на миофибрилите се јавуваат актин и миозин кои се распоредени скалесто во секоја миофибрила и учествуваат во контракцијата на мускулите. За да дојде до придвижување на мускулите е потребна енергија која се добива во форма на АТФ од ендоплазматичниот ретикулум кој се наоѓа во миозинскиот дел од миофибрилите. Откако ќе добијат енергија од АТФ, сврзните страни на миозинот го менуваат својот облик и притоа се сврзуваат за низата актин. За да дојде до придвижување на мускулите е потребна енергија која ќе го смени аголот на наклон на оваа сврзна страна и со тоа ќе придонесе за придвижување на мускулите.