Опсада на Алеп (637)
36°11′53″N 37°09′48″E / 36.198133° СГШ; 37.16328° ИГД
Опсада на Алеп | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-арапски војни Муслиманско освојување на Сирија) |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Праведен Калифат | Византија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Абу Убајдах Халид ибн ал-Валид | Јоаким | ||||||
Сила | |||||||
17,000 | непознато | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
мали | непознато |
Опсадата на Алеп траела во периодот од јули 637 до октомври 637 година. Конфликтот се одвил помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешна Сирија. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат.
Заднина
уредиПо решавачката битка кај Јармук, муслиманите продолжиле кон северните делови на Сирија. По преземањето на многу мали и големи градови од Абу Убаид и Халид ибн ал-Валид и по последната победа кај Хазир, муслиманските сили се упатиле кон Алеп, кој бил раководен од страна на генералот Јоаким. Градот Алеп се состоел од големи ѕидини на врвот од еден рид и опкруен со ров.
Битка
уредиВизантискиот командант на Алеп, Јоаким, се сретнал со муслиманска армија под команда на Абу Убаид и Халид ибн ал-Валид надвор од тврдината. Тој бил поразен и набрзина се повлекол во тврдината. Јоаким не добие никакви знаци на каква било помош од страна на царот Ираклиј. Како резултат на тоа, околу октомври 637, Римјаните го предаде градот под услов војниците мирно да заминат од градот. Јоаким го прифатил исламот[1], заедно со околу 4,000 војници. Самиот тој се покажал извонредно способен и лојален офицер, а се борел и во неколку битки.
Наводи
уреди- ↑ Muhammad ibn Jarir al-Tabari. History of the Prophets and Kings, Vol. 3, p. 98.