Битката кај Хазир се одвила во јуни 637 година помеѓу силите на Византија и Праведниот Калифат на територијата на денешна Сирија. Битката е дел од Византиско-арапските војни и Муслиманското освојување на Сирија, а завршила со победа на Праведниот Калифат.

Битка кај Хазир
Дел од Византиско-арапски војни
Муслиманско освојување на Сирија
Датум јуни 637
Место Сирија
Исход муслиманска победа
Завојувани страни
Праведен Калифат Византија
Команданти и водачи
Халид ибн ал-Валид Менас †
Сила
17,000 70,000
Жртви и загуби
минимални целиот гарнизон

Позадина

уреди

По освојувањето на Ерусалим, калифот Омер се вратил во Медина и следејќи ги неговите упатства, Јазид се упатил кон Кесарија и уште еднаш започнал опсада. Додека Амр и Шарабил марширале кон Палестина и Јордан, Абу Убаид и Халид ибн ал-Валид со армија од околу 17,000 војници заминале од Ерусалим со задача да биде освоена северна Сирија. Абу Убаид заминал кон Дамаск кој бил под муслиманска власт, а од таму кон Емеса. По неколку дена тие пристигнале пред Хазир, место кое се наоѓа недалеку од Кинасрин. Византискиот командант на Кинасрин бил Менас, кој бил истакнат војник. Тој знаел дека кога решил да не се повлече кон Анадолија, дека еден ден неговите земји некогаш ќе бидат нападнати и дека ќе мора да се предаде, бидејќи немало никаква помош од императорот. Поради тоа, тој решил да преземе офанзива пред муслиманските сили да пристигнат кон градот. Така со сила од околу 70,000 војници тој започнал напад.

Битка

уреди

Битката започнала кога Халид ги распоредил своите сили во борбена формација. Менас својата армија ја организирал во еден центар и две крила и самиот бил во првите редови како водач на армијата. Така наскоро започнала жестока битка. Уште на почетокот водачот Менас бил убиен. Кога веста за неговата смрт се расширила меѓу христијаните, тие гневни сакале да се одмаздат. Во меѓувреме, Халид започнал напад со коњаницата кон крилните позиции. Наскоро целата византиска армија била опкружена и ниту еден византиски војник не преживеал.[1]

Наводи

уреди
  1. Tabari: Vol. 3, p. 98.

Надворешни врски

уреди
  • A.I. Akram, The Sword of Allah: Khalid bin al-Waleed, His Life and Campaigns Lahore, 1969
  • „بغية الطلب في تاريخ حلب“. http://islamport.com/w/tkh/Web/363/172.htm. Muuqa Al-Warraq. Архивирано од изворникот на 2015-02-14. Надворешна врска во |website= (help)
  • Muhammad Ubaid al-Rifai, Mansur (207). Ra'd al-Shabaab Khalid bin Walid. стр. 254.
  • Zubdat al-Halab fi ta'arikh Halab (زبدة الحلب في تأريخ حلب; The cream of the history of Aleppo) written by Ibn al-Adim