Опсада на Александрија (641)
Главното средоземно пристаниште Александрија, главниот град на провинцијата Египет, била засекогаш одземена од Источното Римско Царство или Византија од страна на силите на Праведниот Калифат во средината на 7 век. Ова го означило крајот на византиската поморска моќ и финансиска доминација на источното Средоземје, а со тоа донесе одлучувачка геополитички промена.
Опсада на Александрија | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Муслиманско освојување на Египет (Византиско-арапски војни) |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Праведен Калифат | Византија | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Амр ибн Алас | непознато |
Опсада
уредиПо уништувањето на византиските сили во Хелиополис, градот Александрија бил оставен практично без одбрана и се смета дека само мал дел од провинциските сили останале во самиот град. Градот во муслимански раце паднал на 8 ноември 641 година.
Влијанието на таков голем настан бил почувствуван во целото Средоземје. Намалувањето на годишните пратки на жито од Египет и нанела решавачки удар на византиската економија. Освен тоа, Византија изгубила и големи финансиски средства од даноците на трговците кои патувале од Дамаск кон Александрија.
Византиски противнапад
уредиВо следниот период имало неколку обиди на Византија да ја врати Александрија. Иако никој од нив не бил успешен за определен временски период, византиските сили биле во можност да ја вратат на кратко контролата врз градот во 645 година. Арапските хроничари напишале дека кон Александрија се упатиле голема флота и армија, на чело со Мануел. По влезот во градот, кое било без поголем отпор, византиската армија имала можност да го задржи градот. Муслиманите со сила од околу 15,000 војници започнале напад, но византиските сили започнале борба на отворено поле, по кое повторно биле поразени.