Маркетинг

(Пренасочено од Опазарување)

Маркетинг или опазарување — најширок третман во економската литература наоѓа како деловна политика на претпријатието, но не како класичен систем, туку како посебен вид деловна политика. Традиционално, „маркетинг“ е поим што се „лепи“ на процесот на поврзување на производителите (или потенцијалните производители) на еден производ или услуга со потрошувачите - и постоечките и потенцијалните. Методите на маркетингот влечат корени од општествените науки, особено од психологијата, социологијата и економијата. Преку рекламирањето, маркетингот, исто така, е поврзан и со креативните уметности. Маркетинг е процесот кој се користи за да се определи кои производи или услуги може да бидат во интерес на купувачите и која стратегија треба да се користи во продажбата, комуникациите и бизнис развојот. Ја генерира стратегијата што лежи во техниките на продажба, бизнис комуникација и бизнис развој. Тоа е интегриран процес низ кој компаниите градат цврсти врски со потрошувачите и создаваат вредност за нивните потрошувачи и за себеси. Маркетинг се користи за да се идентификува потрошувачот, да се задоволи потрошувачот и да се задржи потрошувачот. Со купувачот во фокусот на овие активности, маркетинг управувањето е едно од најзначајните компоненти во бизнис раководењето. Како последица на стагнацијата во развојот и иновацијата на постоечките пазари во последните 2-3 години, произлезе маркетингот за да ги постави фазите во развојот на нови пазари. Имплементирањето на маркетинг стратегии , како мерка за да останат профитабилни, бара бизнисите да го сменат фокусот кон производство и да го насочат кон перцепцирани потреби и желби на нивните купувачи. Поимот маркетинг концепт значи дека достигнување на организациските цели зависи од познавање на потребите и желбите на целните пазари и испорачување на посакуваните задоволства. Предложува дека со цел да ги задоволи своите организациски цели, организацијата треба да ги предвиди потребите и желбите на купувачите и истите да ги задоволи поделотворно од конкуренцијата. Во 1926 година, Соединетите држави го создадоа Националното здружение за маркетинг и рекламирање. Американското маркетинг друштво е основано врз основа на тоа, а во 1973 година оваа организација беше преименувана во Американско здружение за маркетинг - АМА. Подоцна слични здруженија и организации се појавија во Западна Европа, Канада, Австралија и Јапонија.[1]

Маркетингот, најопшто кажано, има задача да ја достави стоката или некоја услуга од точката на производството до точката на побарувачот на таа стока или услуга. Како основна маркетиншка цел се поставува зголемувањето на обемот на продажбите или раширување на пазарниот удел.

За да се реализира една маркетиншката цел, маркетолозите комбинираат одредени одлики на производите, цените, дистрибуцијата и нејзините канали и маркетиншките комуникации. Со еден збор, формираат маркетиншки микс. Тој маркетиншки микс се разработува за конкретен пазар, при што решенијата се добиваат врз основа на претходни маркетиншли истражувања кои покажуваат што точно сакаат побарувачите:

  • дали се подготвени да дадат повеќе пари за одреден производ, колку се запознаени со функционирањето на тој производ, каде се навикнати да пазаруваат и на каков начин;
  • колку временските фактори влијаат врз него и
  • колкава е разликата меѓу желбите за успех производот и реалните можности што ги има на пазарот.

Во современета теорија и практика синоними на маркетинг миксот се „маркетиншките средства“, „маркетиншките елементи“ и „маркетинчкиот комплекс“. Особено популарно е именувањето „4Р” од првите букви на англиските зборови:

Дефиниции

уреди

Со текот на времето, маркетингот е дефиниран од страна на АМА како организациска функција и сет од процеси за создавање, комуницирање и испорачување на вредност до купувачите и за раководење на врските со купувачите во насока на корист на организацијата и акционерите. Терминот се развил од првичното значење кое буквално се однесувало на одење на пазар за да се купат или продадат стоки или услуги. Гледано од точка на системско инженерство, продажниот процес на ИТ маркетингот е “сет од процеси кои се меѓусебно поврзани и меѓусебно зависни со други функции, чии методи може да бидат подобрени со користење на релативно нови пристапи.” Чартерд Институтот за Маркетинг го дефинира маркетингот како “управувачки процес одговорен за препознавање, предвидување и профитабилно задоволување на барањата на клиентите.” Поинаков концепт е маркетинг според вредноста кој тврди дека улогата на маркетингот е да придонесе во зголемувањето на богатството на инвеститорите. Во тој контекст маркетингот е дефиниран како “управувачки процес кој цели на зголемување на повратокот на сопствениците со развивање на врски меѓу вреднуваните купувачи и создавање на конкурентска придобивка.” Во минатото маркетинг практиката се стремела да биде означена како креативна индустрија која вклучува рекламирање, дистрибуција и продавање. Бидејќи научната студија по маркетинг вклучува широка употреба на општествени науки, психологија, социологија, математика, економија, антропологија и неврологија, денес професијата е широко препознаена како наука, овозможувајќи бројни универзитети да нудат постдипломски (м-р) програми. Целокупниот процес започнува со маркетинг истражување и во насока на пазарна сегментација, бизнис планирање и изведување,и завршува со пред и пост-продажни промотивни активности. Исто така е поврзан со многу креативни уметности. Маркетинг литературата е посветена на своевидно повторно создавање и создавање на вокабулар според времето и културата. Броун (2010) откри дека супермаркетите трошат милиони долари на интензивно истражување и проучување на однесувањето на купувачите. Нивна цел е да се осигураат дека купувачите заминуваат потрошувајќи многу повеќе од она што на почетокот го планирале. Институтот “Избор” ја проучи теоријата на тролеологија сознавајќи дека многу купувачи инстинктивно погледнуваат на десно кога се во супермаркет. Супермаркетите ловат на оваа биолошка особина со позиционирање на многу скапи поттикнувачки производи за купување на десната страна на касата. Овие производи се содржат од последните ДВД изданија, списанија, чоколади, скапи батерии и други искушувачки производи на кои нормално не би се помислило. Појдовна точка на уште една маркетинг тактика е постојаното преместување на производите, што го прават супермаркетите сè со цел да ги збунат купувачите. Д-р Пол Харисон, психологист специјализиран во областа на пазарната потрошувачка,(цитиран во Браун,2010) смета дека супермаркетите константно користат разлчни методологии на продавање. Еден метод е изведување на постојани анализи на менување на локацијата на производите наоколу, сè со цел да го сменат навикнатото купување и да го намалат вашиот буџет. Харисон исто смета дека поголема е веројатноста луѓето кои купуваат во насока спротивна од стрелките на часовникот да потрошат повеќе пари за разлика од лицата кои купуваат во насока на стрелките на часовникот. Психологистите специјализирани во оваа област ( цитирано во Браун,2010) согледале дека најголемиот број луѓе пишуваат со нивната десна рака, биолошка одлика дека луѓето ја имаат тенденцијата на свртување на десно кога купуваат,па оттука е разбирливо што супермаркетите профитираат на овој факт. На десната страна се обично се наоѓаат привлечни производи што купувачот без размислување би можел да ги земе на пр. чадор кога времето е мрачно.

Маркетинг еволуција

уреди

Главна статија : Маркетинг историја

Во маркетинг контекст, ориентацијата се поврзува со перцепција или однесување на фирмата кон производот или услугата, особено во врска со конзументите или крајните корисници. Низ историјата, маркетингот бележи значителни промени во вкусот на потрошувачите.

Ран пристап

Маркетинг ориентацијата произлезе од поранешните ориентации и тоа, производната ориентација, ориентацијата на производот и продажната ориентација.

Модерни пристапи

Неодамнешните пристапи во маркетингот вклучуваат односен маркетинг во чиј фокус е потрошувачот , бизнис маркетинг или индустриски маркетинг кој е насочен кон организацијата или институцијата и општествен маркетинг фокусиран на придобивките на општеството. Новите форми на маркетинг поради употребата на интернет се наречени интернет маркетинг или попознато како е-маркетинг, онлајн маркетинг, маркетинг пребарување, десктоп рекламирање или партнерски маркетинг. Тие се обидуваат да ја усовршат стратегијата на сегментација која била користена во традиционалниот маркетинг. Поконкретно се насочуваат кон јавноста и затоа понекогаш се наречени персонализиран маркетинг или еден-на-еден маркетинг. Понекогаш се смета дека интернет маркетингот е широк во обем, бидејќи вклучува не само маркетинг на мрежни места туку и маркетинг низ е-пошта адреси и безжични медиуми.

Насоченост кон потрошувачот

уреди

Компанијата во пазарната економија опстојува со произведување на стоки што луѓето сакаат и се во можност да ги купат.Според тоа витално е утврдувањето на пазарната потрошувачка за да се добие слика за понатамошното егзистирање и отпорност на компанијата во случај кога не постои потенцијална закана за ликвидирање . Многу компании денес го насочуваат фокусот кон потрошувачите ( или кон пазарот). Ова имплицира дека компаниите ги фокусираат своите активности и производи на барањата на купувачите. Воглавно, има три начини да се направи ова: пристап кон потрошувачите, пристап на препознавање на пазарните промени и пристап на производна иновација.

Маркетинг микс

уреди

Производ

уреди

При продуктивното истражување најнапред се проучуваат:

  • карактерот на стоката или услугата, односно корисноста и квалитетот на стоката или услугата;
  • нејзината функционална одлика односно начинот на исполнување на својата функција, нејзината долготрајност, можноста за служење на потрошувачот, начинот на примање на квалитетот кај потрошувачот;
  • нејзината конкурентна способност да влијае врз производите кои се продаваат кај директните конкуренти;
  • дали се користи како трговска марка;
  • каква амбалажа и маркировка користи и сл.

Цена

уреди

При ценовото истражување најмногу се обрнува внимание на формирање на цената што:

  • ќе биде прифатлива од страна на потрошувачот
  • ќе биде прифатлива од страна на производителот

Во врска со потрошувачот, исто така се проучуваат склоноста на потошувачот односно факторите што влијаат врз него при земање на решение за купување на определена стока или услуга, односно колку има влијание цената врз него.

Дистрибуција

уреди

При дистрибутивното иследување, најопшто кажано, се проучува:

  • начинот или каналот на стигнување на стоката или услугата до потрошувачот и
  • неговата можност за чекање доколку се работи за поголеми одредишта на кои треба да се испрати производот.

Комуникација(промоција)

уреди

При комуникационото иследување се проучува:

Во пристапот кон потрошувачите, желбите на купувачот се двигатели на сите стратегиски маркетиншки одлуки. Ни една стратегија не ставена во употреба додека не го помине тестот на истражување на потрошувачите. Секој аспект од пазарното понудување, вклучувајќи ја и природата на самиот производ е воден од потребите на потенцијалните потрошувачи. Секогаш, почетна точка е потрошувачот. Принципот за овој пристап е дека нема причина да се потрошат фондовите за И&Р за развивање на производ што луѓето нема да го купуваат. Историјата сведочи за многу производи што беа комерцијални неуспеси место да бидат технолошки откритија. Формалниот пристап на овој маркетинг ориентација насочен кон потрошувачот е познат како РИВП - Решение, Информација, Вредност, Пристап . Овој систем всушност ги содржи четирите П прекрстени и преформулирани за да го насочат фокусот кон потрошувачот. РИВП Моделот обезбедува алтернатива центрирана кон побарувачката и потрошувачот на добро познатите 4П страни на понудата ( производ, цена, позиција и промоција) на маркетинг менаџментот.

Производ → Решение Промоција → Информација Цена →Вредност Позиција → Пристап

Ако некој од 4П се проблематични или не се во маркетинг факторот на бизнисот , бизнисот може се најде во невоља со тоа што други компании може да се појават во окружувањето на компанијата и потрошувачката побарувачка за производот ќе опадне. Сепак постојат одредени ограничувања или ризици кои паѓаат во фокусот на потрошувачот.Тие не го порекнуваат или контрадиктираат принципот на потрошувачки фокус; едноставно на самиот пристап му додаваат додатни димензии на свесност и претпазливост. Работата на Кристенсен и неговите колеги за уривачката технологија произведе теоретска работна рамка која го објаснува неуспехот на фирмите, нè бидејќи тие биле технолошки неспособни ( честопати баш спротивното), туку бидејќи вредносната мрежа во која тие профитабилно оперирале вклучувала потрошувачи кои не ја вреднувале уривачката иновација во времето и состојбата на можност на неговата значајност и според тоа активно ги одвратиле фирмите од нивното развивање. Лекциите изведени од оваа работа вклучуваат: - Да се спореди фокусот кон потрошувачот со зрно од сол и да се третира само како подмножество на една од корпоративните стратегии, а не единствен водечки фактор. Ова значи да се гледа над сегашната состојба, за да се предвиди што потрошувачот би барал во некои години во иднината, дури и ако тие самите го отфрлаат предвидувањето. - Тежнеење кон нови пазари ( и нови вредносни врски) кога тие се сè уште економски инфериорни или во неатрактивна позиција, само затоашто нивниот потенцијал да растат и да се пресечат со воспоставените пазари и вредносни мрежи изгледа како веројатна добивка. Ова може да вовлече купување на влогови во акции на помали фирми, нивно целосно здобивање или мало инкубирање, меѓусебен натпревар на финансиски различни единици во една организација. Други ризици кога фокусот е насочен кон потрошувачот се: - Опсегот од она што потрошувачите велат дека го сакаат не се совпаѓа со нивните одлуки за купување. Така, истражувањата за потрошувачите може да тврдат дека 70% од клиентите во рестораните сакаат поздрави избори на менито, но всушност само 10% од нив ги купуваат новите производи кога ќе бидат понудени. Ова може да биде прифатливо сè до степен до кој тие производи не станат предлози за губење на пари во бизнисот, ситуација во која компанијата губи многу пари,има многу долгови и сл. Она што може да го научиме од овој тип на ситуации е дека треба подлабоко да се размисли за вистинската валидност на тестовите на инструментите како истражувањата пред да се прифати нивниот резултат. Од тоа можеме да заклучиме дека “вистинското разбирање на потрошувачите понекогаш значи разбирање подобро отколку они самите што се разбираат .” Сепак, човек може да се согласи дека тука принципот на фокусот кон потрошувачот, или блискоста со купувачот, не е нарушен, туку само е проширен. - Степенот до кој може да се занемари желбата на потрошувачот, е ризичен бидејќи финансиската можност на тоа што потрошувачот може да си го дозволи зависи од тоа колку брзо потрошувачот ќе сфати дека производот му е потребен или во втор случај ќе биде убеден. Примери за тоа се ИТ хардвер и софрвер можностите и автомобилските одлики. Потрошувачите кои во 1997 рекоа дека нема да им обрнат внимание на интернет пребарувачките можности на мобилниот телефон, или 6% на подобрата нафтена ефикасност во нивните возила, може да речат нешто друго денес, бидејќи вредносните предлози на тие можости се сменија.

Организациска ориентација

уреди

Во овој вид, на маркетинг одделот во фирмата често се гледа како примарна значајност за нивото на функцинирање на организацијата. Информациите од маркетинг одделот на организацијата ќе бидат искористени да ги водат дејствијата на другите оддели во компанијата.Како пример може да земеме дека маркетинг одделот низ маркетинг истражување може да установи дека потрошувачите сакаат нов вид на производ или нова употреба на веќе познатиот производ. Врз основа на ова сознание, маркетинг одделот ќе го информира одделот за истражување и развој врз основа на новите желби на потрошувачите да создаде прототип на производот/услугата. Тогаш, одделот за производство ќе започне да го произведува производот, додека маркетинг одделот ќе се сосредочи на промоција, дистрибуција, цена и слично на производот. Додатно ќе се консултира одделот за финансирање во компанијата, земајќи ги предвид трошоците за финансирање на развојот,прозиводство и промоција на производот. Конфликтите меѓу одделите може да се случат, доколку фирмата се придружува само до маркетинг ориентацијата. Производството може да им противи на воведувањето, поддршката и обезбедувањето на инвестиции кои може да бидат потребни за промовирање на нов производ. Финансиите може да се противат на потребните капитални издатоци, што може да го наруши добриот проток на пари за организацијата.

Масовно однесување

уреди

Масовно однесување во маркетингот се користи за да се објаснат зависностите меѓусебното однесување на потрошувачите. Магазинот “Економист” извести за неодамнешна конференција во Рим на тема на симулација на прилагодливото човечко однесување. Магазинот објави механизми за зголемување на поттикот на купување и придобивање луѓето “да купуваат повеќе врз основа на инстинктот на масовна потрошувачка”. Основната идеја е дека луѓето ќе купат поголем број од производите доколку тие се популарни. Како последица на тоа се споменати неколку фидбек механизми за создавање на информацијата на популарност кај потрошувачите, вклучувајќи ги и технологијата на мемориската банкарска картичка и употребата на идентификација по пат на радиофреквенција. Моделот на “движење на толпа” беше претставен од Институтот од Флорида за истражување на технологијата, кој е клучен за супермаркетите бидејќи може да ја “зголеми продажбата без да им даде попуст на луѓето.” Друга студија изведена неодамна ( од Универзитет Колумбија, Њујорк)на тема на “моќта на општественото влијание” вклучува “пазар на неприродна музика во кој околу 19.000 луѓе симнале од интернет претходно непознати песни”; јапонски ланец на продавници кој ги нарачува своите производи врз основа на “податоците од продажбата во специјализирани продавници и истражувачки компании;” компанија од Масачусетс која го користи знаењето од друштвените мрежи за да ја подобри побарувачката: и онлајн продавачите кои зголемено ги информираат купувачите за “кои производи се популарни преку информациите добиени од купувачите кои стиснале - ми се допаѓа” (на пр. Амазон, Ибеј)

Понатамошни ориентации

уреди

- Новата област на истражување и практика се осврнува на внатрешниот маркетинг, односно како вработените се обучени и менаџирани да го испорачаат брендот на начин кој позитивно влијае на стекнување и задржување на клиентите, за останати значења на поимот види брендирање на вработени. - Истражувањето за распространување на иновации открива како и зошто луѓето прифаќаат нови производи, услуги и идеи. - Со намалување на вниманието, опсегот и желбата на потрошувачите да одвојат време за да ги погледнат рекламните пораки, произведувачите ги менуваат рекламите во форми на дозволен маркетинг како брендирана содржина, медиумско прилагодување и маркетинг реалност.

Маркетинг истражување

уреди
      Главена статија: Маркетинг истражување

Марткетинг истражувањето вклучува изведување на истражување за поддршка на маркетинг активностите и статистичка интерпретација на податоците во вид на информации. Оваа информација тогаш е употребена од страна на менаџерите при планирањето на маркетинг активности, за да ја измерат природата на маркетинг околината на фирмата и да добијат информации од вршителите на услуги. Маркетинг истражувачите користат статистички методи како квантитативно истражување, квалитативно истражување, хипотетитички тестови, Чи-квадратни тестови, линеарна регресија, корелации, честа испорака, поисон дистрибуција , биномна испорака, итн. за да ги разберат нивните откритија и да ги претворат податоците во информација. Процесот на маркетинг истражување се протега низ бројни фази, вклучувајќи дефиниција на проблемот, развој на истражувачки план, собирање и толкување на податоци и формално распространување на информациите во вид на извештај. Задачата на маркетинг истражувањето е да обезбеди управување со релевантни, прецизни, веродостојни, точни и сегашни информации. Треба да се направи разлика меѓу маркетинг истражување и пазарно истражување. Пазарното истражување се однесува на инстражување во даден пазар. Како пример, фирма може да води истражување во пазар-цел после селектирање на соддветен пазарен сегмент. Слично, маркетинг истражување се поврзува со сите истражувања водени во маркетингот. Така, пазарното истражување е подмножество на маркетинг истражувањето.

Маркетинг околина

уреди
       Главена статија: Маркетинг околина

Пазарно одделување

уреди
     Главна статија: Пазарно одделување

Пазарното одделување се однесува на пренесување од пазар на потрошувачи до лица со слични потреби и желби. На пример, Келог житариците, Фростис се направени за деца. Конфлексот со крцкав лешник е направен за возрасни. Двата производи означуваат два производи направени за две различни групи на луѓе, двете со слични потреби, особини и желби. Пазарната сегментација дозволува за подобра алокација на добрите ресурси на компанијата. Фирмата поседува само одредена количина на ресурси. Според тоа, мора да направи избори ( и се изложи на поврзани трошоци) во услужувањето на одредена група на потрошувачи. На тој начин, видоизменетиот вкус на модерните западни потрошувачи може да биде подобро услужен. Со растечка разновидност во вкусто на модерните потрошувачи, фирмите фаќаат белешки на сметка на услужувањето на разновидност од нови пазари. Пазарното одделување може да биде дефинирано во рамки на акронимот СЦП, значејќи Сегмент, Цел и Позиција.

Видови на маркетинг истражување

уреди

Пазарното одделување се однесува на пренесувањето на пазар на потрошувачи до лица со слични потреби и желби. Да ги земеме за пример Келог житариците, нивниот бренд Фростис се житарици направени за деца. Брендот на конфлекс со крцкав лешник кој го произведуваат е направен за возрасни. Двата производи означуваат два производи направени за две различни групи на луѓе, двете со слични потреби, особини и желби. Пазарната сегментација дозволува подобра алокација на добрите ресурси на компанијата. Една компанија поседува само одредена количина на ресурси. Според тоа,таа мора да направи избори ( и да се изложи на поврзани трошоци) во услужувањето на одредена група на потрошувачи.Тоа се прави за подобро да може да биде услужен, видоизменетиот вкус на модерните западни потрошувачи. Преку следење на различните вкусови на модерните потрошувачи, компаниите ги прошируваат хоризонтите на задоволување на разновидноста на новите пазари. Пазарното одделување може да биде дефинирано во рамки на акронимот СЦП, значејќи Сегмент, Цел и Позиција. Видови на маркетинг истражување Маркетинг истражувањето е под - форма на маркетинг активностите и може да биде поделен во следните делови:

- Примарно истражување ( исто така познато како истражувачко поле) кое вклучува водење и собирање на истражување за специфична цел. - Секундарното истражување ( исто се однесува на работно истражување) првично се води за една цел, но честопати се користи за да ги поддржи други цели или крајната цел.

Според овие дефиниции, пример за примарно истражување ќе биде пазарно истражување изведено за здрава храна, кое единствено се користи за да ги осигура потребите и желбите на целните пазари за здрава храна. Второстепеното истражување,во овој случај, ќе биде истражување кое што се однесува на здравата храна, но направено од фирма која сака да развие неповрзан производ. Честопати примарното истражување чини многу пари за да се подготви, собере и толкува од податок до информација. Но, иако секундарното истражувње е релативно евтино, често може да стане застарено и стародмодно, имајќи предвид дека се користи за цел различна од онаа за која било намерено. Примарното истражување, исто така може да биде разделено на квантитативно и квалитативно истражување, кое што во склоп на рамките, се однесува на бројчени и небројчени истражувачки методи и техники. Соодветноста на секој начин на истражување зависи дали податокот може да биде квантитативен (квантитативно истражување) или потребно е да се проучуваат еднострани, небројчени или апстратни концепти (квалитативно истражување). Исто така постојат додатни начини на маркетинг истражување, и тие се:

- Прелиминарно истражување, кое се однесува на истражување што истражува претпоставки. - Дескриптивно истражување, кое како што самиот збор предлага, објаснува “што е”. - Предиктивно истражување, означувајќи истражување изведено за да се предвиди идното случување. - Заклучно истражување, за цел на изведување на заклучок низ истражувачкиот процес.

Маркетинг планирање

уреди
    Главна статија: Маркетинг план

Процесот на маркетинг планирање опфаќа ковање план за маркетинг активностите на фирмата. Маркетинг планот исто може да се однесува на специфичен производ, како и на целосната маркетинг стратегија на организацијата. Во главни црти, процесот на маркетинг планирање на организацијата е изведен од нејзината целосна бизнис стратегија. Така, кога менаџментот во највиското ниво ја замислува стратегиската насока или мисија на фирмата, предвидените маркетинг активности се инкорпорирани во тој план. Постојат неколку нивоа на маркетинг цели во организацијата. Врвниот менаџмент на компанијата би ја формулирал генералната бизнис стратегија на фирмата. Сепак, оваа општа бизнис стратегија ќе биде толкувана и имплементирана во различен контекст низ фирмата.

Маркетинг стратегија

уреди

Областа на маркетинг стратегија ја опкружува стратегијата иволвирана во управувањето на даден производ. Дадена фирма може да поседува голем број призводи на пазарот, опфаќајќи многубројни и понекогаш целосно неповрзани индустрии. Според тоа, потребен е план за таквите производи делотворно да се менаџираат. Очигледно, компанијата треба да измери и да утврди како да ги користи своите ограничени ресурси. На пример, фирма која се занимава со промовирање на нови коли ќе се соочи со мал успех доколку проба да се натпреварува со Тојота, Форд, Нисан, Шевролет или било кој друг голем глобален пазар на коли. Понатаму, производот може да го допре крајот на својот животен циклус. Тоа може да води до создавање на проблем на одземање или завршување на производството. Секое сценарио бара единствена маркетинг стратегија. Подолу се објасети некои проминентни модели на маркетинг стратегии.

Маркетинг специјализации

уреди

Со рапидно забрзаната сила на глобализацијата, брзо исчезнува разликата меѓу маркетингот во домашната земја на компанијата и маркетингот меѓу надворешни пазари. Според ова, фирмите треба да ги реориентираат нивните маркетинг стратегии за да се соочат со предизвиците на глобалниот пазар, сè со цел да ја одржат нивната конкурентност на домашните пазари.

Купување однесување

уреди

Маркетинг компанијата мора да ја утврди природата на потрошувачкото однесување на купувачите ако сака правилно да го постави производот на пазарот., Производителите треба да го опредлат процесот на однесување на тоа како еден производ е купен, со цел да го привлечат и убедат потрошувачот да го купи производ. Купувањето на однесување обично е поделено на две главни компоненти, во зависност дали станува збор за продавање на потрошувачот, познато како бизнис-до-потрошувач (Б2П), или продавање на друг бизнис, познато како бизнис-на-бизнис (Б2Б).

Б2П купување на однесување

уреди

Овој начин на однесување се однесува на потрошувачите и нивното купување на даден производ. На пример, ако замислиме пар патики, желбата за пар патики ќе биде проследена со информативно пребарување на достапни видови/бреднови. Ова може да вклучи прегледување на медиуми, но најчесто се состои од информации собрани од семејството или пријателите. Ако информативното пребарување е недоволно, потрошувачот може да побара додатни начини за да ја задоволи потребата т.е. желбата. Во овој случај , ова може да значи купување кожни чевли, сандали итн. Тогаш е направена одлуката на купување во која потрошувачот всушност го купува производот. Следејќи ја оваа фаза,често е изведена пост-потрошувачка евалуација, која се состои од проценка на вредноста или ползата добиена од купување на патиките. Ако вредноста или корисноста е висока, тогаш може да биде направено повторно купување. Така, ова може да прерасне во лојаност на клиентот кон фирмата производител на патиките.

Б2Б купување на однесување

уреди

Поврзано е со организациско т.е. индустриско купување на однесување. “Б2Б” е кратенка за поимот од Бизнис до Бизнис. Маркетингот Б2Б вклучува еден бизнис маркетинг на производ или услуга во друг бизнис. Однесувањата Б2П или Б2Б не се прецизни поими, иако сличности и разлики постојат,а подолу се опишани клучните разлики: Во исто сценарио на потворно купување во кое потрошувачот го купува потполно истиот производ, на ист начин, од истиот продавач, четвртата, петтата и шестата фаза се изоставени. Во изменето сценарио на повторно купување, петтата и шестата фаза се исклучени. Во ново купување, сите фази се изведени.

Технолошки употреби

уреди

Маркетинг менаџментот исто така може да се потпре на неколку технологии во склоп на своите маркетинг можности. Информацискиот компјутерски систем може да се вклучи , за да помогне во подобро обработка и складирање на податоци. Маркетинг истражувачите може да користат такви системи за да насочат подобри методи на претворање на податоците во информации, и за создавање на зголемен број на методи за собирање на податоци. Информациската технологија може да гпомогне во зголемување на МКИС софтвер и хардвер компонентите, и да го подобри процесот на донесување на маркетинг одлуки на компанијата. Во последните годици, персоналниот пренослив компјутер доби значителен пазар меѓу лаптопите, воглавно како последица на својата покорисна големина и профитабилност. Информациската технологија типчно се зголемува кај брзата цена, барајќи од маркетинг менаџерите да бидат свесни за најновите технички развои. Во прилог на тоа, лансирањето на смарт-телефони на пазарот за мобилни телефони е често изведено од побарувачка меѓу потрошувачите за понапредни технолошки производи. Фирмата може да изгуби од конкрурентите ако ги игнорира техничките иновации во својата индустрија. Технолошките напредоци може да ги намалат бариерите меѓу земјите и регионите. Користејќи го опсегот на светскиот интернет, фирмите можат лесно да испратата информација од една земја до друга без многу забрани. Пред масовната употреба на интернетот, таквите трансфери на информации одземаа многу време додека се испратат, особени ако тоа беше направено по пошта, телекс итн. Неодамна, имаше голем акцент на анализата на податоци. Податоците може да бидат испратени од различни изводи како онлајн форми на испраќање, апликации на мобилни телефони и најново по социјална медиа.

Маркетинг за услуги

уреди

Услужниот маркетинг се поврзува со маркетингот на услуги, како спротивност на допирните производи. Услугата (спротивно на стоката) обично се дефинира како: - Употреба која е нераскинлива од купувањето ( т.е. услугата се користи и конзумира истовремено). - Нема материјална форма, и според тоа не може да биде допрена, видена, слушната, вкусена или помирисана. - Користењето на услугата е по природа едностранo, означувајќи дека неколку луѓе кои користат иста услуга ќе добијат различно искуство. На пример, возење со воз може да се определи како услуга. Кога еден човек купува возен билет, истовремено го искусува и возењето со воз. Иако возот е физички предмет, човекот не плаќа за трајна сопственост на допирните елементи на возот. Услугите ( во споредба со стоките) исто така може да бидат гледани како спректар. Не сите производи се чисти стоки, ниту пак чисти услуги. Пример би бил ресторанот, каде услугата на келнерот е недопирлива, но храната е допирлива.

Поврзано

уреди

Белешки

уреди
  1. „Историјата на маркетингот во Европа“.