Онгерман
Онгерман (шведски: Ångermanälven) — една од најдолгите реки во Шведска со должина од 460 км. Таа е трета по полноводност во земјата, по Јета и Луле.
Онгерман | |
---|---|
Изворно име | Ångermanälven |
Местоположба | |
Земја | Шведска |
Физички особености | |
Устие | Ботниски Залив |
• координати | 62°48′N 17°56′E / 62.800° СГШ; 17.933° ИГД |
• надм. вис. | 0 м |
Должина | 460 км[1] |
Големина на сливот | 31.864 км2[2] |
Проток | |
• просечен | 500 м3/с[1] |
Особености на сливот |
Име
уредиИмето на реката доаѓа од старонордискиот поим anger, што значи „длабок фјорд“ и се јавува како топонимска составница во Норвешка и Норланд во Шведска.
Течение
уредиРеката извира од Скандинавските Планини на југот на шведската покраина Лапонија. Потоа тече низ Јемтланд, и станува пополноводна во покраината Онгерманланд, чие име е земено од реката. Главни притоки се Војмон, Фјелше и Факс. По течението од Онгерман се двои растоката Венгел.
Онгерман е пловен околу 80 км од морето.[3] Во последните 30 км (по гратчето Сулефтео) тече низ живописната долина Одален. Реката завршува во Ботнискиот Залив на Балтичкото Море близу гратчето Крамфорс.
Наводи
уредиБибиографија
уреди- Encyclopædia Britannica, 9th ed., Vol. II, New York: Charles Scribner's Sons, 1878, стр. 29. ,
- „Ångermanälven“, Nationalencyklopedin, Посетено на 11 јули 2010. (бара претплата) (шведски)
- „Län och huvudavrinningsområden i Sverige“ (PDF), SMHI, Swedish Meteorological and Hydrological Institute, Посетено на 11 јули 2010. (шведски)