Она-бугејша
Она-бугејша била вид на женски воин која припаѓала на јапонската висока класа. Многу жени, вдовици, ќерки, и бунтовнички учествувале во битки, најчесто заедно со самурајски мажи. Тие биле членови на класата Буши (самураи) во феудална Јапонија и биле обучени во користењето на оружје за да ги заштитат своите домаќинства, семејството, и честа за време на војна. Тие, исто така, претставувале отстапка од традиционалната улога на "домаќинка" на Јапонската жена. Тие се понекогаш нарекувани женски самураи. Значајни икони, како што се царицата Џингу, Томое Гозен, Накано Такеко и Хоџо Масако се познати примери на Она-бугејша.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |