Олга Хил Медрано
Олга Хил Медрано (родена 1956 година) е шпанска математичарка, кој била претседателка на Кралското шпанско математичко друштво од 2006 до 2009 година.[1] Таа е професор по математика на Валенсијскиот универзитет, каде што е и про-ректор за меѓународни односи и соработка.[2] Нејзините математички истражувања се однесуваат на диференцијалната геометрија и геометриската анализа; а од 2000 година, таа е заинтересирана за дисеминација на математиката кон пошироката јавност.[3]
Образование и кариера
уредиХил е родена во Бургос во 1956 година.[4]
Како додипломски студент на Универзитетот во Валенсија, Хил била советувана да студира инженерство, но таа го игнорирала советот, претпочитајќи ја математиката и физиката.[3] Докторирала на Валенсијскиот универзитет во 1982 година, со дисертација за Одредени геометриски и тополошки својства на некои класи на речиси-производи тополошки простори, под надзор на Антонио Мартинес Навеира. Потоа студирала за докторат, на постдипломските студии во Франција, на Пјер и Мари Кири универзитетот, кои ги завршила во 1985 година. Нејзината втора дисертација, Sur le Problème de Yamabe concernat les variétés localement conformement plates, била под надзор на Тиери Обин.[5]
По завршувањето на нејзиниот втор докторат, таа се вратила во Валенсија, како член на факултетот.[3] Таа била член на управниот одбор на Валенсијскиот универзитет од 2000 година. Кога станала претседател на Кралското шпанско математичко друштво во 2006 година, таа била првата жена избрана на таа позиција.[6]
Признанија
уредиВо септември 2017 година, Валенсијскиот универзитет бил домаќин на работилницата за геометриска анализа, во чест на Хил.[7]
Наводи
уреди- ↑ García, S. (June 11, 2006), „«No existe desempleo entre los matemáticos»“, 20 minutos
- ↑ Vicerrectorat de Relaciones Internacionales y Cooperación, University of Valencia, Посетено на 2018-10-24
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Mujeres y Matématicas: 13 Retratos (PDF), Comisión Mujeres y Matemáticas de la RSME, стр. 21–23
- ↑ „Olga Gil Medrano, Presidenta de la Real Sociedad Matemática Española: "Sin matemáticas, todos seríamos más manipulables"“, Eroski Consumer, July 1, 2007
- ↑ Олга Хил Медрано at the Mathematics Genealogy Project
- ↑ Claramunt Vallespí, Rosa M.a; Claramunt Vallespí, Teresa (2012), Mujeres en ciencia y tecnología, UNED, ISBN 9788436265255
- ↑ Workshop Geometric Analysis Valencia 2017 Homage to Olga Gil Medrano