Октоберфест (филм)

„Октоберфест“ – југословенски филм од 1987 година, во режија на Драган Кресоја. Главните улоги ги толкуваат: Светислав Гонциќ, Зоран Цвијановиќ и Жарко Лаушевиќ.[1]

Синопсис

уреди

Едно момче, кое живее во социјална изолација, заедно со неговите невработени другари ги посетува местата каде што се собира градската младина. Притиснат од еден подметнат грев во минатото, кога му бил одземен пасошот, тој сонува да замине на минхенскиот фестивал Октоберфест. Во потрагата по нов живот, неговите другари се разидуваат, а тој минува низ мачна етапа во животот и најпосле завршува в затвор. Надежта му се враќа кога повторно ќе му биде вратен пасошот.

Наводи

уреди