Окрузи во Лондон
Административното подрачје Голем Лондон содржи 32 окрузи (анг. London boroughs). Внатрешен Лондон опфаќа 12 плус Сити. Надворешен Лондон се состои од 20-те преостанати окрузи во состав на Голем Лондон.
Лондонски округ London borough | |
---|---|
Голем Лондон во рамките на Англија, со своите 32 окрузи | |
Категорија | Окрузи |
Место | Голем Лондон |
Создал | Закон за управување со Лондон 1963[1] |
Создадена на | 1 април 1965 |
Број | 32 (2008) |
Можни видови | Внатрешен Лондон (12) Надворешен Лондон (20) |
Можен статус | град (1) кралски округ (2) |
Населенија | 150.000–300.000 |
Површини | 15–150 км2 |
Управа | окружен совет (31) градски совет (1) |
Функции
уредиСо окрузите управуваат совети (London Borough Councils) кои се избираат на секои четири години. Окрузите се главни единици на локалната самоуправа на Лондон и се надлежни за речиси сите месни служби во своите подрачја: училишта, социјални служби, комуналии и патишта. Извесни задолженија на ниво на цел град ѝ припаѓаат на Управата на Голем Лондон (Greater London Authority), а извесни јавни услуги и лобирањето на владата се вршат во рамките на советите. Некои окружни совети се здружуваат во извесни надлежности како комуналиите. Окрузите се самоуправни окрузи, како градски еквивалент на редовните. Секој округ има своја Локална образовна управа (Local Education Authority).
Список
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ London Government Act 1963 - текст