Окрузи во Лондон

Административното подрачје Голем Лондон содржи 32 окрузи (анг. London boroughs). Внатрешен Лондон опфаќа 12 плус Сити. Надворешен Лондон се состои од 20-те преостанати окрузи во состав на Голем Лондон.

Лондонски округ
London borough
Голем Лондон во рамките на Англија
Голем Лондон во рамките на Англија, со своите 32 окрузи
КатегоријаОкрузи
МестоГолем Лондон
СоздалЗакон за управување со Лондон 1963[1]
Создадена на1 април 1965
Број32 (as of 2008)
Можни видовиВнатрешен Лондон (12)
Надворешен Лондон (20)
Можен статусград (1)
кралски округ (2)
Населенија150.000–300.000
Површини15–150 км2
Управаокружен совет (31)
градски совет (1)

ФункцииУреди

Со окрузите управуваат совети (London Borough Councils) кои се избираат на секои четири години. Окрузите се главни единици на локалната самоуправа на Лондон и се надлежни за речиси сите месни служби во своите подрачја: училишта, социјални служби, комуналии и патишта. Извесни задолженија на ниво на цел град ѝ припаѓаат на Управата на Голем Лондон (Greater London Authority), а извесни јавни услуги и лобирањето на владата се вршат во рамките на советите. Некои окружни совети се здружуваат во извесни надлежности како комуналиите. Окрузите се самоуправни окрузи, како градски еквивалент на редовните. Секој округ има своја Локална образовна управа (Local Education Authority).

СписокУреди

СитиГрад ВестминстерКензингтон и ЧелсиХамерсмит и ФуламВондсвортЛамбетСавакТауер ХамлетсХакниИзлингтонКамденБрентИлингХаунзлоРичмонд на ТемзаКингстонМертонСатонКројдонБромлиЛуишамГриничБекслиХејверингБаркинг и ДагенамРедбриџЊуамВолтам ФорестХарингиЕнфилдБарнетХароуХилингдон 
За сликава
  1. Сити (не е округ)
  2. Град Вестминстер
  3. Кензингтон и Челси
  4. Хамерсмит и Фулам
  5. Вондсворт
  6. Ламбет
  7. Савак
  8. Тауер Хамлетс
  9. Хакни
  10. Излингтон
  11. Камден
  12. Брент
  13. Илинг
  14. Хаунзло
  15. Ричмонд на Темза
  16. Кингстон на Темза
  17. Мертон
  1. Сатон
  2. Кројдон
  3. Бромли
  4. Луишам
  5. Гринич
  6. Бексли
  7. Хејверинг
  8. Баркинг и Дагенам
  9. Редбриџ
  10. Њуам
  11. Волтам Форест
  12. Харинги
  13. Енфилд
  14. Барнет
  15. Хароу
  16. Хилингдон

ПоврзаноУреди

НаводиУреди