Озер Далим
Озер Далим — еврејско добротворно здружение од Битола[1]. Го основал Овадија Јосеф Перера во 1894 година за помош на сиромашните членови на заедницата. Функционирало врз принципот на заемност: сите членови (и сиромашните и богатите) плаќале членарина по еден металик (1/4 грош). Здружението ангажирало лекари што ги посетувале сиромашните Евреи. Семејството Арути ја изградило синагогата „Озер Далим“ од која сите парични прилози оделе за фондот на организацијата[2].
Наводи
уредиОваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |