Од љубов кон тебе (шпански јазик: Por Amor a Vos) е аргентинска хумористична теленовела. Серијата во Аргентина со прикажување започна на 28 јануари 2008 во ударниот термин заменувајќи ја комедијата Фамилијата Фиеро. Во главните улоги се појавуваат Мигел Анхел Родригес и Кларибел Медина.

Од љубов кон тебе
Податотека:PorAmorAVos.jpg
Глумците во серијата
Жанркомедија
теленовела
Создадена одАдријан Суар
УлогиМигел Анхел Родригес
Кларибел Медина
Раул Таибо
Николас Кабре
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди247
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКанал 13
Првично прикажување28 јануари 2008 – 9 февруари 2009
Хронологија
СледбеникСилни (2009)
Надворешни врски
Мрежна страницаweblogs.canal13.com.ar/por-amor-a-vos/

Синопсис уреди

Понекогаш животот со други луѓе може да биде сложен. Маргарита е силна и борбена жена која е предадена на работата и синот, со кој се многу блиски. Таа решава да го промени животот и да се пресели во нова зграда, да најде нов пат и нови хоризонти. Нејзин син е Леон. Во новиот живот на Маргарита и помага Бето. Тој е управител на зградата, во која се преселува Маргарита, не е строг и ладен човек, тој е сосема напротив. Таму Маргарита се запознава и со Маурисио, тој е исклучително нервозен заболекар. Двајцата мажи ќе се запознаат со Маргарита во еден ист ден и ќе си ги променат животите бидејќи се вљубуваат искрено во неа. Двајцата освен што ќе бидат заљубени во една иста жена, се и големи пријатели. Нервозниот заболекар Маурисио има ќерка Јасмин, која откако ќе се запознае со синот на Маргарита, Леон, ќе и се промени животот во спротивен правец. Меѓу двајцата се раѓа голема љубов. Но, тоа не е се во оваа приказна... Маргарита крие длабоко во срцето и душата една голема тајна. Леон не е син на Маргарита, туку на нејзината сестра Силвија. Маргарита дознава дека таткото на Леон може да биде како Бето така и Маурисио и дури администраторот на зградата Армандо. Во оваа теленовела се сплетуваат ужасот и комедијата, болката и радоста и страста и копнежот.

Улоги уреди

Глумци Ликови
Мигел Анхел Родригес Бето Балдес
Кларибел Медина Маргарита Карлони
Раул Таибо Маурицио Сасоне
Николас Кабре Леон Карлони
Соледад Фандињо Јасмин Сасоне
Родолфо Рани Армандо Молинари
Николас Скарпино Иполито
Естебан Прол Мартиниано Луна

Надворешни врски уреди