Од каде доаѓаме? Кои сме? Каде одиме?

Од каде доаѓаме? Кои сме? Каде одиме? (француски: D'où venons-nous ? Que sommes-nous ? Où allons-nous ?) е слика на француски уметник Пол Гоген[1].

Од каде доаѓаме? Кои сме? Каде одиме?
француски: D'où venons-nous ? Que sommes-nous ? Où allons-nous ?
Творец Пол Гоген
Година 1897–1898
Димензии 139 см × 375 см
Место Музеј на убавите уметности Бостон

Сликата е создадена во Тахити и се наоѓа во Музеј за ликовни уметности во Бостон, Масачусетс, САД.

Таа е едно од најзначајните дела на Гоген, сликата се смета за „филозофско дело споредливо со темите на Евангелијата“.

Стил и значење

уреди

Сликата е значајна по својата загадочна тема и атмосфера. Некои научници ги припишуваат овие квалитети на личните конфликти што Гоген ги имал при создавањето на ова уметничко дело. Сликата го има специфичниот стил на Гоген и во контекст на пост-импресионистички стил. денес таа се смета за една од суштинските слики и дела на уметноста од крајот на деветнаесеттиот век.

Тема

уреди

Трите стуткани жени со дете што спие десно го претставуваат почетокот на животот; средната група ја симболизира зрелата доба; во последната група, според уметникот, „старица што се приближува кон смртта се појавува помирена и одадена на своите мисли“; пред нејзините нозе, „чудна бела птица ... ја претставува залудноста на зборовите“ или „бескорисноста на суетните зборови“.

Наводи

уреди
  1. „D'où venons-nous? Que sommes-nous? Où allons-nous?“. Архивирано од изворникот на 2021-09-23. Посетено на 2021-09-23.