Од вратот надолу (музичка група)

Од вратот надолу — македонска хард рок музичка група, која била активна од 2008 до 2011 година. Групата се состоела од бас, тапани и вокали, или поточно Марко Ковачевиќ на тапани и Горан Петровски на гитара.

Од вратот надолу
ПотеклоСкопје, Македонија
Жанровиметал, хард рок, слаџ
Период на активност2008-2011
ИздавачиInsulin Addicted, Fuck Yoga Records, SuperFi Records
Членови
Марко Ковачевиќ (тапани)
Горан Петровски(гитара)

Години на активност: 2008 - 2011 година

уреди

Кон крајот на 2008 година била формирана музичката група именувана како Од вратот надолу. Во текот на своето постоње, групата го издала албумот Жива, со осум теми (текстови на македонски јазик), излеани во осумнаесет минути на интензивна хардкор-метал-слаџ музика, која во себе носи софистициран рокенрол израз.[1] Албумот, покрај тоа што бил издаден во стандарден це-де формат, достапен е и на винил (едностран), во стандардна црна, но и во ограничено издание на проѕирна верзија. Како издавачи на изданието се јавуваат македонските „Insulin Addicted“ и „Fuck Yoga Records“, и англиската „SuperFi Records“.

Концерти и промоција

уреди

Некои од ретките концерти се:

  • настапот во живо на Канал 103 во емисијата „Ако никој не свири“ на 18 јануари 2009 година,
  • загревање пред настап на групите „Grid“ и „Dezinfekce“ во Скопје на 16 септември 2009 година,
  • настап на роденденот на интернет-магазинот „Plagij.at Turns 5“ во клубот „Кастро“ на 1 октомври 2010 година,
  • кратка турнеја низ Грција во март 2011 година.

Скопската промоција на албумот групата ја организирала во МКЦ на 21 јануари 2011 година, со групата Потоп како гости на концертот.

Во 2011 година, после турнејата во Грција, групата престанала да постои. Марко Ковачевиќ денес е активен член на групата Стагнатор.

Наводи

уреди
  1. Филиповски, Тошо (2018 година). Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018). Скопје: Корпус Деликти Рекордс, Тошо Филиповски. стр. 245. ISBN 978-608-66200-0-4. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)