Одговор (роман на Тибор Дери)

„Одговор“ (унгарски: Felelet) — роман на унгарскиот писател Тибор Дери, објавен во два дела (1950 и 1952 година).

Настанување на романот

уреди

По успехот на романот „Недовршена реченица“, Дери ја започнал работата на романот „Одговор“, кој бил замислен како епски роман во четири тома за историската улога на унгарската работничка класа. Првата книга се појавила во 1950 година и доживеала огромен успех. Двата главни лика во романот се работникот Балинт Кепе и професорот Зено Фаркаш. Меѓутоа, кога се појавил вториот том во 1952 година, Дери бил немилосрдно критикуван поради запоставувањето на улогата на комунистичката партија во раководењето со револуционерното работничко движење. Имено, режимот на Ракоши очекувал дека ќе биде истакната улогата на партијата, а Дери планирал комунистите да станат главни ликови во книгата дури во дејствието што се одвива по 1945 година. Затоа, власта побарала Дери да напише друга верзија на втората книга, но тој го одбил тоа и престанал со натамошната работа на романот. Подоцна, уште еднаш му било понудено да ја поправи „грешката“ во сценариото за филмот снимен по романот.[1]

Наводи

уреди
  1. Sava Babić, „Tibor Deri, stvaralac u burnim vremenima“, во: Tibor Deri, Duga topla jesen. Beograd: Nolit, 1989, стр. 21.