Одгледување мастика на островот Хиос

Одгледување мастика на островот Хиос англиски: Knowing how of cultivating mastic on the island of Chios) е одгледување и производство на мастика на островот Хиос во Грција. Во 2014 година е впишано на списокот на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.[1]

Pistacia lentiscus

Историјат

уреди

Мастиката се одгледува на островот Хиос. Хиос е североисточен егејски остров многу блиску до Турција.[2] Ароматични смоли мастика се добиваат од грмушките Pistacia lentiscus со екстракција. Мастиката одамна е позната по своите бројни својства.[3] Хиос има речиси 2.000 одгледувачи на мастика кои живеат во 24 села кои го одгледуваат ова растение.[3] Почвата од вулканско потекло и специфичната клима се одговорни за добивање смола во поголеми количини и со висок квалитет. Ароматичната смола се добива од јуни до септември со засекување на дрвото. Засекувањето се прави два пати неделно, а длабочината зависи од староста на самото растение, бидејќи е многу важно растението да закрепне по засекувањето. Подоцна се суши и се продава како парчиња, во прав, како темјан или во состав на други производи.[4]

Список на УНЕСКО на нематеријално културно наследство на светот

уреди

Одгледувањето мастика на островот Хиос е внесено под број 993 на списокот на нематеријално културно наследство на УНЕСКО во 2014 година.[5] Мастиката не успева во другите региони бидејќи е единствената почва погодна за одгледување е овде. Културата на одгледување мастики претставува социјален настан во кој учествуваат цели семејства.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Know-how of cultivating mastic on the island of Chios“. Унеско. Посетено на 11 јуни 2021.
  2. „Хиос“. Медитеранео. Посетено на 11 јуни 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 „Traditional Know-How of Cultivating Mastic in Chios Enters UNESCO List“. Greek Reporter. Посетено на 11 јуни 2021.
  4. „Шта је мастих“. The Spruce Eats. Посетено на 14 јуни 2021.
  5. „Decision of the Intergovernmental Committee“. Унеско. Посетено на 11 јуни 2021.

Надворешни врски

уреди