„Одбрани трудови“ — збирка раскази на македонскиот писател Горан Петревски. Збирката е објавена во 2014 година од издавачката куќа „Темплум“.

Технички податоци

уреди

Збирката „Одбрани трудови“ е објавена како 112 книга на библиотеката „Магма“. Книгата е отпечатена во мал формат (17 сантиметри), во мек повез и има 128 страници. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 978-608-4658-33-7. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Кома“, а сликата на предната корица е преземена од The Royal Art Lodge. На задната корица се наоѓа куса биографија на авторот, како и мал осврт врз делото.[1]

Содржина

уреди

Збирката содржи предговор, напишан од авторот (насловен како: „Ова не важи“) и 14 раскази:[1]

  • Крај
  • Мајка
  • Понекогаш
  • Последното царство
  • Враќање
  • Премиера
  • Средба
  • Солзи
  • Прашање и одговор
  • Љубов: преиспитување
  • Последниот сон
  • Смрт
  • За што размислувам
  • За што не размислувам

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Горан Петревски, Одбрани трудови, Темплум, Скопје, 2014.