Огламник[1][2] или оглав[3][4] — дел од запрега што се користи за водење и врзување коњи, говеда и други животни. Огламникот се разликува од уздата главно по тоа што го користи лице кое оди по земја за да го води или врзува животното, додека уздата ја користи јавач кој го јава животното.

Антички грчки орнаменти на огламник за коњи, Археолошки музеј во Атина

Опис

уреди

Огламникот е лесна кафезна направа изработена од кожа или јаже и за која е прицврстен ремен или јаже за водење. Огламниците главно се разликуваат дали се изработени од рамни ремени (шиени) или од усучени јажиња (врзани јазли).

Огламникот мора добро да се смести зад ушите на животното и околу муцката.

 
Млад бик со огламник

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди