Огбомошо
Градот Огбомошо се наоѓа во областа Ојо во југозападна Нигерија. Овој град бил основан во 17 век од воините кои го бранеле Јорубаланд од освојувачките фулански џихадисти. Огбомошо брои 1,1 милион жители.
Повеќето од населението на градот припаѓаат на јорубската етничка група, најголемата во Нигерија. Огбомошо има универзитет и локална телевизиска станица која е огранок на националната мрежа.
Спортскиот стадион во Огбомошо има капацитет од 10,000 седишта и е домашен терен на втората дивизија од професионалната фудбалска лига.
Главни земјоделски призводи од Огбомошо се маниока, житарици, тутун и памук.
Во декември 2021 година, сегашниот Соун, Н.М. Џимох Ојевуми Ајагунгбаде III од кралската куќа Олавуси беше најдолготрајниот Соун во модерната историја и почина на 12 декември 2021 година, на 95-годишна возраст.