Облакодер „Истанбулски Сафир“

Истанбулски Сафироблакодер кој се наоѓа во централната деловна област Левент, во Истанбул, Турција. Од 2016 година, ова е највисоката зграда во Истанбул и Турција. Истанбулски Сафир била четврта највисока зграда во Европа кога нејзината изградба била завршена во 2010 година[3] и прв еколошки облакодер на земјата. Објектот има 54 спрата над нивото на земјата, од кои 47 спрата од објектот се наменети за станбена употреба[3], голем паркинг простор, трговски центар итн. Објектот може да се пофали со висина од над 238 метри надморска височина, додека зградата има целокупна конструктивна висина од 261 метри, вклучувајќи го и неговиот штит, кој е дел од дизајнот, а не радио антена[3]

Истанбулски Сафир
A view of the tower from Büyükdere Avenue
Карта
Општи податоци
Статусотворен
ВидСтанбен
МестоУлица Бујукдере, Левент, Истанбул, Турција
Координати41°5′6.28″N 29°0′21.96″E / 41.0850778° СГШ; 29.0061000° ИГД / 41.0850778; 29.0061000
Отворена4 март 2011[2]
Трошок за изградбаUS$150,000,000
Висина
Антена261 м (856 ст)
Покрив238 м (781 ст)
Технички податоци
Катови54 (над земја)
10 (под земја)
64 (вкупно)
Подна површина165,139 m2 (1,777,540 sq ft)[1]
Проектирање и изградба
АрхитектTabanlıoğlu Architects
ИзведувачKiler GYO
Наводи
[3]

Објектот бил дизајниран од страна на компанијата Табанлиоглу, и денеска се состои од луксузни продавници и деловни простории, а е управувана од компанијата Kiler GYO[3].Во близина на облокадерот поминува Европскиот пат Е80 и мостот Фатих Султан Мехмет. Зградата има директен пристап до станицата на метрото во Левент на улицата Бујукдере, во реонот на Шишли.

Наводи

уреди
  1. „Sapphire Tower“. Skyscraper Center. CTBUH. Посетено на 14 November 2017.
  2. „Emlak Haberleri: "Istanbul Sapphire 4 Mart'ta açılıyor". Архивирано од изворникот на 2011-03-08. Посетено на 2018-05-02.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Emporis: Istanbul Sapphire