ПУ „7 Март“ - Долна Белица

основно училиште во Македонија


Основно училиште „7 Март“ (во минатото: Основно училиште „Единство“; официјално: Подрачно основно општинско училиште „7 Март“ - Долна Белица; скратено: ПООУ „7 Март“) — подрачно основно училиште во струшкото село Долна Белица, во состав на основното училиште „Единство“ од селото Октиси, Општина Струга.[1]

7 Март
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Поглед на основното училиште
Место
Општина: Општина Струга
Наречено по: 7 Март
Нас. место: Долна Белица
Адреса: с. Долна Белица
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: албански
Контактни информации

Денес, училиштето е именувано по денот на албанските наставници 7 Март, додека во минатото било именувано по југословенското мото братство и единство.

Местоположба

уреди

Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Долна Белица.

Именување

уреди
 
Влезот во училиштето

Училиштето во минатото го носело истото име како и централното училиште во селото Октиси, односно било именувано како ОУ „Единство“ - Долна Белица.

Објект

уреди

Објектот на училиштето е во лоша состојба, без санитарни јазли, вода, загревање и други проблеми.[2]

Наводи

уреди
  1. „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-15.
  2. Трајковски, Мики (19 февруари 2017). „Струга, училиштето во с. Долна Белица работи без вода“. Алсат. Посетено на 6 ноември 2018.[мртва врска]