ОУ „Имри Елези“ - Чаир
Основно училиште „Имри Елези“ (во минатото: Основно училиште „Никола Вапцаров“; официјално: Основно општинско училиште „Имри Елези“ - Чаир; скратено: ООУ „Имри Елези“) — централно основно училиште во скопската населба Чаир, Општина Чаир.[1]
Имри Елези
| |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Чаир |
Наречено по: | Имри Елези |
Нас. место: | Чаир |
Адреса: | ул. „Браќа Реџепагиќ“, бб |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | македонски и албански |
Контактни информации |
Денес, училиштето е именувано по припадникот на ОНА, Имри Елези, додека во минатото било именувано по македонскиот писател кој творел на бугарски јазик, Никола Вапцаров.
Именување
уредиВо 2012 година, Општина Чаир донела одлука за преименување на четири основни училишта, меѓу кои и училиштето „Никола Вапцаров“ во „Имри Елези“, но Управниот инспекторат се противел на одлуката поради непочитување на Бадентеровото мнозинство при носењето на одлуката во советот на општината.[2] Сепак, во 2021 година, Министерството за образование и наука ги прифатило преименувањата. На 5 мај 2021 година, Уставниот суд не повел постапка за оценување на уставноста и законитоста на донесената одлука од 2012 година.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-21.
- ↑ „Со потпис од Адеми две училишта во Чаир преименувани во албански имиња“. Фактор Портал. Посетено на 2024-12-21.
- ↑ „У.бр.35/2012 – Уставен суд на Република Северна Македонија“. ustavensud.mk. Посетено на 2024-12-21.