ОУ „Кирил и Методиј“ - Ораовица

Кирил и Методијосновно училиште во село Ораовица, општина Радовиш.[1].

Кирил и Методиј

Место
Општина: Радовиш
Нас. место: Ораовица
Адреса: с.Ораовица
Местоположба
Основни информации
Контактни информации

Лична карта

уреди

ООУ ,,Кирил и Методиј’’ се наоѓа во с. Ораовица - Радовиш и ги опфаќа децата од самото село. Училиштето е изградено во 1946 година, а во истото наставата се изведува во две училишни згради кои денес се комплетно уредени и реновирани.

Ученици

уреди

Во учебната 2013/14 година училиштето го посетуваат 132 ученици од кои 68 момчиња и 64 девојчиња. Училиштето има 16 вработени, а додека наставата од VI-VIII одд. се реализира со 15 наставници од кои 6 наставници се вработени во ООУ ,,Кирил и Методиј’’ а другите се вработени во другите училишта во општината, а истовремено ја дополнуваат наставата и во оваа општинско основно училиште.

Инфраструктура

уреди

Во сколоп на училиштето е и салата која се користи за настава по предметот Физичко и здравствено образование, а е пуштена во употреба во 2008 година, истата целосно е опремена со спортски реквизити - потребни за успешна реализација на наставата по ФЗО. Училиштето располага со дворна површина од 5,439 m2 кој до пред извесен период истиот беше делумно асфалтиран и неуреден, но сега училишниот двор доби нов лик - и е уреден со тревни парцели, поставени се бехатон патеки, целосно е ограден, поставени се клупи, корпи за отпадоци и реновирани се надворешните спортски терени.

Од оваа учебна година посебно важен сегмент е вградувањето на парното греење во двете училишни згради, училишната библиотека и салата за ФЗО.

Мисија на училиштето

уреди

Со почитување и развивање на поединечните способности и со примена на современи методи заеднички да создадеме личности кои цел живот учат и кои ќе напредуваат според своите афинитети и можности.

Мото на училиштето

уреди

Развивање на позитивни навики и воспитно-образовни вредности како столб врз кој ученикот ќе се изгради во целосно позитивна и карактерна личност, со свои работни и морални квалитети и вредности.

Визија на училиштето

уреди

Нашето училиште го гледаме како безбедна и дисциплинирана средина во која учениците ќе се образуваат, воспитуваат и оспособуваат за понатамошен развој во едно прилагодено, современо, дисциплинирано училиште.

Слогани

уреди

Воспитно-образованите ученици се со поглед кон иднината ! Училиштето е мојот втор дом ! Дисциплинирано, делотворно и ефикасно ЕКО училиште со своја култура и современ начин на однесување ! Квалитетни планирања – успешна реализација на работата ! Активни методи за работа – активни ученици ! Муѓето немаат ништо против да бидат на бродот кој се ниша, ако знаат каде одат и ако таму и самите сакаат да стигнат !

Учество на натпревари

уреди

Освоени награди

уреди

Познати личности кои учеле или предавале во ова училиште

уреди

Наводи

уреди
  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)