Норман Е. Розентал
Норман Е. Розентал е јужноафрикански автор, психијатар и научник кој во 1980-тите прв го опишал сезонското афективно нарушување (растројство) (САН) и бил пионер во употребата на светлосна терапија за негово лекување.
Норман Е. Розентал | |
---|---|
Податотека:File:Norman Rosenthal New.jpg Норман Е. Розентал | |
Роден(а) | Јоханесбург, Јужна Африка |
Националност | Јужно Африканец |
Занимање | Истражувач, професор, психијатар, автор |
Страница http://normanrosenthal.com/ |
Розентал е роден и образован во Јужна Африка, но се преселил во Соединетите Држави за да ја заврши својата медицинска обука. Тој основал приватна ординација и спроведувал истражувања во Националниот институт за ментално здравје (НИМЗ) како истражувач и виш (сениор) истражувач повеќе од дваесет години. Овде ги проучувал нарушувањата на расположението, спиењето и биолошките ритми. Тој бил првиот психијатар кој го опишал и дијагностицирал сезонското афективно нарушување (САН).
Истражувањето на Розентал во САР го навело да ја напише книгата Зимски Блуз (Winter Blues) и две други книги на оваа тема. Неодамна Розентал има напишано две книги за техниката на трансцендентална медитација (Трансценденција и Супер Ум) и спроведено истражувања за неговото потенцијално влијание врз посттрауматското стресно нарушување (ПТСН). Има напишано и мемоари (Подарокот на Неволјата) и книга за терапевтските ефекти на поезијата (Поезија RX). Вкупно има напишано десет книги и објавено над 200 научни трудови.[1]
Ран живот и образование
уредиРозентал е роден и израснат во Јоханесбург, Јужна Африка. Тој учел во средното училиште Кинг Дејвид и дипломирал во 1963 година со „врвни оценки“ меѓу учениците од Трансвал Провинцијата во неговото одделение, во кое учениците зборувале англиски.[2]
Тој го добил својот M. B. B.Ch. (еквивалентна форма на медицински докторат) од Универзитетот во Витватерсранд во Јоханесбург и дипломирал со пофалба (cum laude).[2] Завршил стаж по Интерна Медицина и Хирургија во Општата болница во Јоханесбург.[3]
Тој се преселил во Соединетите Држави за да го продолжи своето образование како резидент. Потоа станал Главен Резидент по психијатрија во Државниот психијатриски институт во Њујорк и презвитеријанската болница во Колумбија.[3]
Кариера
уредиРозентал започнал приватна ординација во предградијата на Вашингтон, Д.Ц. во 1979 година.[3] Во исто време, тој започнал истражувачка дружба со Фредерик Гудвин во Националниот институт за ментално здравје во Бетесда, Мериленд.[4] Ова бил почеток на 20-годишна кариера со НИМЗ како истражувач, научен соработник и виш истражувач.[3][5] Розентал станал директор на сезонските студии на институтот и во 1985 година, водел истражување со 662 учесници за ефектите од сезонското афективно нарушување (САН), а подоцна ги проучувал психофизиолошките феномени на „пролетната треска“.[6][7][8]
Розентал, како соавтор, ја напишал книгата „Како да се победи млазното заостанување (Jet Lag)“ во 1993 година, а во 1998 година бил именуван за клинички професор по психијатрија на Медицинскиот Факултет Џорџтаун. Тој станал медицински директор и извршен директор на организацијата за клиничко испитување Капитални Клинички Истражувачки Соработници во Роквил, Мериленд во 2001 година до 2012 година.[1] Тој добил специјална награда за признание од Друштвото за светлосни третмани и биолошки ритми (SLBTR) во 1999 година и ја објавил книгата Емоционална револуција: Како новата наука за чувството може да го трансформира вашиот живот во 2002 година.[9]
На почетокот на својата кариера, Розентал ја научил техниката на трансцендентална медитација додека бил во Јужна Африка, но открил дека како студент по медицина и резидент по медицина немал време да вежба. Потоа, 35 години подоцна, откако еден од неговите пациенти имал драматично подобрување како резултат на ТМ, тој повторно почнал да вежба, а потоа почнал да им ја препорачува техниката на своите пациенти.[10] Во 2011 година, тој го објавил делото Трансценденција: Лекување и Трансформација преку Трансценденцијална Медитација, кој бил на листата на најпродаваните на Њујорк Времиња Бест-селер: Совети со тврд повез, Како-Да и Разновидно листата.[11] Претходно истата година, Розентал објавил прелиминарно истражување за потенцијалното влијание на ТМ врз посттрауматско стресно нарушување.[5][12][13] Подоцна тој соработувал со Санфорд Нидич и неговите колеги за споредба на ТМ наспроти продолжената изложеност кај ветераните со ПТСН во Сан Диего ВА.[14] Соработувајќи со Ерик Финзи, Розентал открил дека ботулинскиот токсин (ботокс) кој се инјектира во мускулите на челото произведува антидепресивни ефекти кај луѓето со депресија.[15]
Розентал има напишано повеќе од 200 научни публикации и неговите списи биле објавени во Американскиот весник за психијатрија, психијатриско истражување, архиви на општа психијатрија, биолошка психијатрија, молекуларна психијатрија и списание за афективни нарушувања. Тој продолжува да лекува пациенти со САН и да тренира директори и други професионалци.[16] Тој често е цитиран во мејнстрим медиумите како експерт за темата САН.[17][18][19]
Награди и почести
уредиРозентал ја има добиено наградата АПЗ Њујорк Дистрикт Гранка за труд напишан од жител (резидент), награда на алумни на Психијатрискиот Институт за најдобро истражување извршено од страна на резидент од Психијатрискиот Институт, Пофален Медал за службата во јавно здравје, награда на Фондацијата Ана Моника за истражување на депресија, Наградата за извонредна услуга на јавно здравје, и награда на Фондацијата Дејвид Линч за животно дело во јавно здравје.[1]
Сезонско афективно нарушување
уредиРозентал е познат како пионер во истражувањето на сезонското афективно нарушување. Во 1984 година, тој го создал терминот и почнал да ја проучува употребата на светлосната терапија како третман за САН.[3][20][21][22][23] Интересот на Розентал за проучување на ефектите на годишните времиња врз промените на расположението се појавил кога тој емигрирал од благата клима на Јоханесбург, Јужна Африка, во североисточниот дел на САД. Како резидент во програмата за психијатрија на Државниот Психијатриски Институт во Њујорк, тој забележал дека е поенергичен и попродуктивен во текот на долгите летни денови наспроти пократките потемни денови од зимата.[24][25][26]
Во 1980 година, неговиот тим во НИМЗ примил пациент со депресија кој забележал сезонски промени во себе и мислел дека претходните истражувања во врска со ослободувањето на мелатонин во текот на ноќта може да му помогнат.[27][28] Розентал и неговите колеги го лекувале пациентот со силни светла, ова лекување му помогнало на пациентот успешно да се справи со депресијата.[3][24] Тие спровеле формална последователна студија за да го потврдат успехот. Резултатите беа објавени во 1984 година, официјално опишувајќи го САН и пионерската светлосна терапија како ефикасен метод на лекување.[29] Иако не сите истражувачи се согласуваат со заклучоците на Розентал за ефектот на светлосната терапија, најновата верзија на Учебникот за Нарушувања на Расположението[8] објавена од Американската Психијатриска Асоцијација вклучува поглавје за САН и светлосната терапија за нарушувања на расположението и светлосна терапија за САН. Светлосната терапија за САН е исто така одобрена од НИМЗ.[6][21][30]
Розентал има напишано три книги на темата САН; Сезони на Умот: Зошто го добивате зимскиот блуз и што можете да направите за тоа (1989), Зимски блуз: Сè што треба да знаете за да го победите сезонското афективно нарушување (1993) и Водич за преживување зимски блуз: Работна книга за надминување на САН (2014). Тој, исто така, е ко-уредник на книгата Сезонски афективни нарушувања и фототерапија (1989). Во 1984 година, тој го развил Прашалникот за проценка на сезонски модели, широко користена скрининг алатка за сезонството (seasonality). Како резултат на неговите истражувања и публикации, „сега е нашироко прифатено дека зимската депресија има медицинска основа, која вклучува промени во центрите за расположение на телото“ поврзани со изложување на светлина.[22] Со неговиот колега Томас Вер, Розентал подоцна идентификувал форма на обратен САН која некои ја искусуваат во летната сезона.[30]
Книги
уреди- Rosenthal, Norman; Blehar M, (EDS) (1989). Seasonal Affective Disorders and Phototherapy. New York: Guilford Press. стр. 350. ISBN 0898627419.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
- Rosenthal, Norman (1993). Seasons of the Mind: Why You Get the Winter Blues and What You Can Do About It. Bantam Books. ISBN 0553053957.
- Rosenthal, Norman; co-authored with D.A.Oren, W. Reich and T.A. Wehr (1993). How to Beat Jet Lag. New York: Henry Holt & Company Inc. стр. 141. ISBN 0805026878.
- Rosenthal, Norman (1993). Winter Blues. New York: Guilford Press. стр. 372. ISBN 1593851162.
- Rosenthal, Norman (1998). St. John's Wort: The Herbal Way to Feeling Good. New York: Harper Collins. ISBN 0060183829.
- Rosenthal, Norman (2002). The Emotional Revolution: How the New Science of Feeling Can Transform Your Life. New York: Citadel. ISBN 080652295X.
- Rosenthal, Norman (2011). Transcendence: Healing and Transformation Through Transcendental Meditation. New York: Hay House UK Ltd. стр. 320. ISBN 978-1848507753.
- Rosenthal, Norman (2013). The Gift of Adversity: The Unexpected Benefits of Life's Difficulties, Setbacks, and Imperfections. New York: Tarcher. ISBN 978-0399168857.
- Rosenthal ND, Benton CM (2014). Winter Blues Survival Guide: A Workbook for Overcoming SAD. The Guilford Press. стр. 273. ISBN 9781462512324.
- Rosenthal, Norman (2016). Super Mind: How to Boost Performance and Live a Richer and Happier Life Through Transcendental Meditation. New York: Tarcher Penguin. стр. 324. ISBN 978-158542-873-1.
- Rosenthal, Norman (2021). Poetry RX: How 50 Inspiring Poems Can Heal and Bring Joy to Your Life. G&D Media. стр. 364. ISBN 9781722505462.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Rosenthal, Norman. Self Published Bio., retrieved July 2011
- ↑ 2,0 2,1 Staff writer. „Norman Rosenthal“. King David Schools' Foundation. King David Schools' Foundation. Архивирано од изворникот на 2019-05-13. Посетено на May 13, 2019.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Rosenthal, Norman. Penguin Group. (2011). Transcendence: Healing and Transformation through Transcendental Meditation, liner notes and pp 3-7
- ↑ Rosenthal, Norman. Guilford Press (2006). Winter Blues 6th Edition, pages 5-7
- ↑ 5,0 5,1 Rosenthal, Norman. May 29, 2011. Could Transcendental Meditation Help Veterans Suffering From Post-Traumatic Stress Disorder? Fox News Retrieved October 2011
- ↑ 6,0 6,1 Dullea, Geoirgia. December 19, 1985. Shedding Light on the Dark Day Blues New York Times Retrieved October 2011
- ↑ Freitag, Michael. March 22, 1989. Spring Fever Down to a Science New York Times Retrieved July 2011
- ↑ 8,0 8,1 Norman E. Rosenthal, Dan A. Oren (2022). Seasonal affective disorder and light therapy, in The American Psychiatric Association Publishing Textbook of Mood Disorders, 2nd Edition. Edited by Charles B. Nemeroff, Alan F. Schatzberg, Natalie Rasgon, and Stephen M. Strakowski. Washington, DC, American Psychiatric Association Publishing. ISBN 978-1-61537-331-4. OCLC 1249799493.
- ↑ SLTBR web site, May 17, 1999, SLTBR Symposium in Honor of the Contributions of Norman E. Rosenthal to the NIMH Retrieved October 2011
- ↑ Rosenthal, Norman (2011). Transcendence: Healing and Transformation through Transcendental Meditation. New York: Tarcher/Penguin. стр. 6–8. ISBN 978-1-58542-873-1.
- ↑ Publishers Weekly Best Sellers. ABC News. June 10, 2011 Retrieved July 2011
- ↑ Lynch, David. July 13, 2011 A Transcendental Cure for Post-Traumatic Stress Wall Street Journal. Retrieved October 2011
- ↑ Fisher, Christopher. June 3, 2011. Veterans Show 50 Percent Reduction In PTSD Symptoms After 8 Weeks Of Transcendental Meditation Behavioral Medicine Report Retrieved July 2011
- ↑ Nidich, Sanford; Mills, Paul J.; Rainforth, Maxwell; Heppner, Pia; Schneider, Robert H.; Rosenthal, Norman E.; Salerno, John (2018). „Non-trauma-focused meditation versus exposure therapy in veterans with post-traumatic stress disorder: a randomised controlled trial“. The Lancet. Psychiatry. 5 (12): 975–986. doi:10.1016/S2215-0366(18)30384-5. ISSN 2215-0374. PMID 30449712.
- ↑ Alexandra Sifferlin (January 4, 2017). „Botox: The Drug That's Treating Everything“. Time magazine.
- ↑ Mechcatie, E. July 15, 2006 "SAD indication approved for antidepressant" OB/GYN News
- ↑ Rabin, Rani Caryn (November 14, 2011)Light boxes may help melt those winter blues New York Times Retrieved Dec 5 2011
- ↑ Clark, Linda (December 4, 2011) Feeling sad its not your fault Архивирано на 5 април 2012 г. Metro Retrieved December 5, 2011
- ↑ Shorter Days Bring Gloom To Those With SAD Архивирано на 8 март 2012 г. USA Today Retrieved Dec 5 2011)
- ↑ Borchard, Terese. June 2011. Transcendental Meditation: What Is It and How Does It Work? Psych Central Retrieved July 2011
- ↑ 21,0 21,1 Brody, Jane E. Dec 29, 1993 NY Times, Health Scientists Find Ways to Reset Biological Clocks in Dim Winter Retrieved July 2011
- ↑ 22,0 22,1 Sussman, Paul. November 25, 2007. Insiders Guide: Season Affective Disorder. CNN „Insider's guide: Seasonal Affective Disorder - CNN“. Архивирано од изворникот на 2011-09-17. Посетено на 2011-07-18. Retrieved July 2011
- ↑ Cosgrove, Chris. January 3, 2000.The Blue Season CNN „The blue season - CNN“. Архивирано од изворникот на 2011-10-24. Посетено на 2011-07-18. Retrieved July 2011
- ↑ 24,0 24,1 Rosenthal, Norman (2012). Winter Blues: Fourth Edition. New York: Guilford Press
- ↑ Ega, Timothy P. December 21, 1987, Shining A Light On Winter Blahs Sports Illustrated Retrieved July 201
- ↑ Brody Jane E. December 5, 2006 Getting a Grip on the Winter Blues New York Times Retrieved July 2011
- ↑ Lewy A, Wehr TA, Goodwin FK, Newsome DA, Markey SP (1980) Light suppresses melatonin secretion in humans Science. Dec 12;210(4475):1267-9.
- ↑ Rosenthal NE, Lewy AJ, Wehr TA, Kern HE, Goodwin FK: (1983) Seasonal cycling in a bipolar patient Psychiatry Research, 8: 25-31
- ↑ Rosenthal NE, Sack DA, Gillin JC, Lewy AJ, Goodwin FK, Davenport Y, Mueller PS, Newsome DA, Wehr TA (1984) Seasonal affective disorder: A description of the syndrome and preliminary findings with light therapy Archives of General Psychiatry, 41: 72-80
- ↑ 30,0 30,1 Kotz, Deborah. July 8, 2011 Dealing with summer depression Boston.com (Boston Globe) Retrieved Oct 2011