Номија
Номија во старогрчката митологија било име на повеќе личности.
Митологија
уредиНомија била Ореада, Епимелијада или Најада со истоимената планина во Аркадија, на југот на Грција. Се смета дека планината го добила името по неа. античкиот грчки сликар Полигнот ја насликал девојката Калиста како ги одмора нозете во скутот на Номија. Тоа укажува дека Номија можела да биде сопруга на кралот Ликаон и мајка на оваа девојка, или дури и нејзина дадилка или придружничка. Исто така е битно да се спомене дека ликановиот град Ликосаура бил сместен во рамницата помеѓу планината Номија и Ликај. Според другите извори, кралевата сопруга била Нонакрида, нимфа „од девет извори“.[1] Номија била една од можните Најади која била вљубена во Дафнис и успеала од него да издејствува ветување дека ќе ѝ биде верен. Во спротивно, му се заканила дека ќе го ослепи. Тој долго одолевал на бројните искушенија, но на крајот сепак ја преварил нимфата со принцезата Химера. Таа затоа го ослепила или го претворила во камен.[2]
Наводи
уреди- ↑ theoi.com: Nomia
- ↑ „Greek Myth Index: Daphnis“. Архивирано од изворникот на 2011-05-15. Посетено на 2018-12-01.