Новиот почеток (музичка група)
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Новиот Почеток (или понекогаш исто така под псевдонимот The Beginnings) е мелодичен хардкор/панк рок бенд, формиран во 2002 година, со оригиналното име „Морфиум“ во Скопје, Македонија. Моментално во групата членуваат: Филип Тасевски - Fitz aka Feetz како вокалист и гитарист (2002-денес), Никола Исаиловски - Fat Cacko како гитарист и позадински вокалист на концертните настапи (2005-денес), Александар Петровски како басист (2007-2012, 2018-денес), Иле Лулевски како тапанар (2015-денес) и Емил Тодоров (2017-2018 како live гитарист, 2018-денес целосен член).
Новиот Почеток / The Beginnings | |
---|---|
Потекло | Скопје, Македонија |
Жанрови | Панк рок, Хардкор |
Период на активност | 2002 - денес |
Издавачи | Sixtynine Records, Enterprise Records |
Соработници | Retro Cabaret, Screaming For Change, Bandover, Fun House, Charlie Hitt, Fonija, Dave Stands, Fitz, Blackstate, Astrolungs |
Мреж. место | [1] |
Членови | |
Филип Тасевски (2002 - денес) вокал, гитара Никола Исаиловски (2005 - денес) гитара, позадински вокал Иле Лулевски (2015 - денес) тапани Александар Петровски (2007 - 2012, 2018 - денес) бас Емил Тодоров (2017 - денес) гитара | |
Поранешни членови | |
Дарко Стојоски (2002 - 2003) гитара Јован Стефановски - Џон (2002 - 2006) бас Дарко Пeшевски (2003 - 2006) тапани Тоде Коцев (бас замена) (2004) Бодин Попов (2007 - 2010) тапани Дени Крстев (2010 - 2013) тапани, вокал Стефан Сајковски (2014 - 2015) тапани Борјан Сандревски (2012 - 2018) бас |
Поранешни членови на бендот се Јован Стефановски - Џон, бас-гитара (2002-2006), Дарко Пешевски, тапани (2003-2006), Дарко Стојоски, гитара (2002-2003), Бодин Попов, тапани (2007-2010), Дени Крстев, тапани и вокал (2010-2013), Стефан Сајковски, тапани (2014-2015), Борјан Сандревски како басист (2012-2018).
Бендот досега има издадено пет албуми на македонски јазик и под името „Новиот Почеток“ - „Еволуцијата би требало да започне сега...“ (2006) - за сопственoто DIY (направи сам) издаваштво Sixtynine Records, „Агнозија“ (2009) - за Enterprise Records, како и „Melancholic Machine" (2012), „Јас сум земја“ (2015) и „Endless Endeavors“ (2023) повторно за Sixtynine Records, како и неколку демо снимки, демо снимки во живо, промотивни и сингл изданија. Во септември 2018 година бендот повремено го менува името во "The Beginnings" и го издава првиот албум на англиски јазик "I Am Dirt".
Новиот Почеток се најпрепознатливи по своите енергични концерти. Нивната музиката несомнено највеќе наликува на онаа од влијанијата кои ги има бендот од калифорниската панк рок / скејт панк сцена претежно од 90-тите, но со значителни примеси на хардкор (посебно во почетоците на бендот). Текстовите во основа обработуваат општествено политички тематики, но голем дел од истите се и длабоко персонални и емотивни.
Бендот низ годините соработува со Васил Ѓуроски (Andale Booking) од 2012 до 2013 а како официјален букинг агент од тогаш, а воедно и неофицијален член на бендот е Елена Крстева и нејзината Iskra Tourbooking со која одработуваат преку 100-тина концерти.
Период на оформување
уредиПочетоците на бендот датираат од 2002 година под името „Морфиум“, (во состав Fitz aka Feetz - вокал и гитара, Јован Стефановски - Џон - бас, Дарко Стојоски - гитара). Година подоцна гитаристот Дарко С. го напушта бендот, а се приклучува Дарко Пешевски како тапанар. Од овој период постојат повеќе демо снимки кои никогаш не се издадени.
Запознавање со сцената/Периодот на „Еволуцијата“
уредиВо 2005 година името „Морфиум“ е заменето со „Новиот Почеток“, како втор гитарист во бендот доаѓа Никола Исаиловски - Fat Cacko и истата година бендот го снима својот прв албум „Еволуцијата би требало да започне сега…", кој е издаден за сопствената DIY (направи сам) издавачка куќа Sixtynine Records, при крајот на 2006. Албумот е сниман од страна на Деко и Ненад Трифуновски - Трипе во студиото Blla Blla Blla на Идриз Амети од истоимениот бенд. Првиот тираж на албумот е комплетно распродаден, а неколку години подоцна исто така вториот.
Новиот Нов Почеток/„Агнозија“ период
уредиПо тримесечна пауза, во 2007 бендот доживува мали промени во составот - на местото тапанар доаѓа Бодин Попов, а на местото басист - Александар Петровски - Аце, и Новиот Почеток почнува со нови сили и нова енергија да работи на вториот албум насловен „Агнозија“, кој подоцна го снима заедно со еден од најзначајните продуценти во Македонија - Валентино Скендеровски, во студиото „Enterprise“, во периодот јуни 2008 – Февруари 2009 година. Албумот „Агнозија“ е издаден на 15 мај 2009 година за издаваштвото "Enterprise Records". Во 2009 година бендот настапи на фестивалите „Егзит“ во Нови Сад и „Dirty Old Festival“ во Велика, Хрватска. Всушност, тоа се и првите настапи надвор од државата.
„Melancholic Machine“
уредиВо мај 2010, Бодин Попов го напушта бендот а на негово место доаѓа Дени Крстев од бендот Фонија. Меѓу настапите, со новиот тапанар бендот настапува и на фестивалот „Аларм“ во Љубаништа. Во мај, 2011, тие влегуваат во студио да го снимат својот трет студиски албум со наслов "Melancholic Machine", кој е комплетно завршен во октомври, 2011, а беше издаден на 24 февруари 2012 година. Албумот беше промовиран на нивнaта прв официјална балканска турнеја во мај 2012. Турнејата опфати концерти низ Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Во ноември, 2012 година, тие ја имаа и својата прва Европска турнеја, која ги опфати: Бугарија, Романија, Унгарија, Чешка, Германија, Хрватска и Србија. Во октомври, 2013, тие ја отсвиреа и својата втора Европска турнеја која ги опфати Македонија, Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Германија, Швајцарија, Франција, Италија, Босна, Бугарија и Грција. По оваа турнеја Дени Крстев е заменет од страна на Стефан Сајковски од бендот Dave Stands.
„Јас сум земја“
уредиБендот со новиот тапанар за првпат настапува на второто издание на фестивалот „Земјотрес“, а во текот на 2014 година го подготвува новиот албум, кој е подоцна наречен „Јас сум земја“ и е сниман и продуциран во периодот од октомври, 2014 до февруари, 2015 година во студиото MarryPhat / Алшар на Ивица Јанкуловски - Штраф. Албумот беше издаден најпрвин дигитално на 16 април 2015 година, а следуваше и концертната промоција на 16 мај во Скопје, по која бендот замина на уште една европска турнеја заедно со битолскиот бенд Spank. На турнејата бендот настапуваше со Иле Лулевски од бендот Spank на тапани како замена, а од септември, 2015 година тој е и официјално новиот тапанар на бендот. „Јас сум земја“ е и првиот албум на бендот кој освен на ЦД беше издаден и на винил и во дигитален формат.
Повремени промени на името и „I Am Dirt“
уредиНа 9 септември 2018 година, бендот на својот Facebook профил објави дека го менува името од „Новиот Почеток“ во „The Beginnings“ и исто така беше дигитално објавен првиот албум на англиски јазик - „I Am Dirt“, за кој беше наведено дека ќе биде издаден на 12" винил во 2019 година, но тоа не се случи. Истата година во бендот се врати Александар Петровски - Аце на бас, а исто така Емил Тодоров - Чамил - кој настапуваше како session гитарист низ годините - стана постојан член на бендот една година претходно. Поради извесен сплет на околности, англискиот албум кој беше во подготовка речиси цели 2 години не беше испромовиран на ниту еден концерт надвор од државата (иако тоа беше планирано). Бендот настапи на само 3 локални концерти под името "The Beginnings", па во 2021 решија да ги користат и двете имиња - "Новиот Почеток / The Beginnings". Во моментов на стриминг платформите како Spotify и Apple Music се водат како два посебни ентитета.
„Endless Endeavors“
уредиЗа време на Covid-19 пандемијата, бендот на неколку наврати по друштвените мрежи објави дека во подготовка е нов албум. Албумот подоцна го доби името "Endless Endeavors" и најпрвин се појави дигитално на 10-ти февруари 2023 а подоцна беше концертно промовиран на 25-ти март 2023 во Младинскиот Културен Центар во Скопје, кој воедно претставуваше и концерт по повод „20+1“ годишнината од оформувањето на бендот (2002 година). На настанот бендот распродаде рекорден број на влезници и целосно го распродаде целиот свој merchandise. Освен дигитално, албумот беше издаден повторно на винил и ЦД. Истиот се работеше со нивниот долгогодишен пријател и воедно продуцент на првиот албум на бендот - Ненад Трифуновски - Трипе.
Дискографија
уредиГодина на издавање | Наслов на албумот | Издавачка куќа |
---|---|---|
2006 | Еволуцијата би требало да започне сега... | Sixtynine Records |
2009 | Агнозија | Enterprise Records |
2012 | Melancholic Machine | Sixtynine Records |
2015 | Јас сум земја | Sixtynine Records / МКЦ |
2018 | I Am Dirt | Sixtynine Records |
2023 | Endless Endeavors | Sixtynine Records |
Турнеи
уреди- 2009 "Dirty Old Exit Mini Tour" (Србија, Хрватска)
- 2012 "Melancholic Balkan Tour" (Македонија, Србија, Хрватска, Словенија)
- 2012 "Melancholic European Tour" (Македонија, Бугарија, Романија, Србија, Хрватска, Унгарија, Чешка, Германија)
- 2013 "We Come From The Ass Of Europe Tour" (Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Полска, Германија, Швајцарија, Франција, Италија, Босна, Бугарија, Грција)
- 2015 "Filthy Summer Tour" (Србија, Хрватска, Словенија, Германија, Белгија, Холандија, Чешка, Словачка)
- 2015 "September/October Mini Tour" (Бугарија и Грција)
- 2016 "Sorry for the mess tour" (Србија, Словенија, Италија, Германија, Швајцарија, Франција, Шпанија, Португалија, Чешка, Словачка, Австрија)
- 2018 "Germany Spring Tour" (Германија)
Позначајни "big-scene" настапи
уреди- 2009 “EXIT” (Србија)
- 2009 “Dirty Old Festival” (Хрватска)
- 2010 “Аларм” (Македонија)
- 2012 “Grr Fest” (Хрватска)
- 2015 “D Festival” (Македонија)
- 2017 “FFUD Fest” (Словачка)
Официјални видео записи
уредиОфицијални видео-спотови (подредени по објавувања) се следните: „Брза Фонија“, „Омраза“, „Парада“, „Агнозија“, „Допир“, „Таму Живеам“, „Надреални Приказни“, „Кауч Крал“, „Јади од лешот свој“, „Отров“, „Црно-бело“. Повеќето од нив се во режија на Филип Тасевски - Fitz aka Feetz и самиот бенд.
Музика за филм
уредиНовиот Почеток ја отсвиреа музиката за македонскиот филм „Панкот не е мртов“ на Александар Блажевски, компонирана од Александар Пејовски. Исто така, нивната песна „Агнозија“ се најде во филмскиот омнибус Skopje Remixed.