„Нико, 1988“ (Nico, 1988) — филм од 2017 година на режисерката Сузана Никјарели (Susanna Nicchiarelli), која е авторка и на сценариото. Главните улоги ги играат: Трине Дирхолм (Trine Dyrholm), Џон Гордон Синклер (John Gordon Sinclair), Анамарија Маринка (Anamaria Marinca) и Шандор Фунтек (Sandor Funtek). На фестивалот во Венеција, филмот бил прогласен за најдобар во рамките на програмата „Хоризонти“.[1]

Сузана_Никиарели

Синопсис

уреди

Пејачката Нико, на возраст од околу 50 години, живее осамено и скромно во Манчестер, далеку од гламурот на 1960-тите, кога таа му била муза на Енди Ворхол и пејачка на групата Велвет андерграунд. Меланхоличната Нико се бори со зависноста и со сопствените демони, а истовремено се обидува да го обнови односот со синот кого одамна не го имала видено. На наговор од менаџерот Ричард, таа се согласува да тргне на нова европска турнеја...

Наводи

уреди