Никола Даскалов (1877-1903) — македонски револуционер, член на МРО / ТМОРО.[1]

Никола Даскалов
Роден 1877
Разлог
Починал 1903

Животопис

уреди

Роден е во градот Мехомија (Разлог). Завршил духовна богословија во Цариград. Во 1901/02 година бил назначен за учител во градот Неврокоп (Гоце Делчев). Учителствувал и во градот Скопје.

Бил избран за член на скопскиот окружен комитет на ТМОРО во 1902 година. Во окружниот комитет бил назначен за благајник. Со почетокот на Илинденското востание, решил да стане нелегален и да и се придружи на четата на војводата Никола Пушкаров. Движејќи се од село во село во потрага по четата, паднал во заседа и загинал во судир со турската војска.

Наводи

уреди
  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 81.