Никола Христов Габровски е бугарски политичар, член на Бугарската социјалдемократска партија.

Никола Габровски
Роден 6 септември 1864
Трново, Бугарија
Починал 11 јуни 1925
Трново, Бугарија

Животопис

уреди

Роден е на 6 септември 1864 година во Велико Трново. Учи првично во богословија кон Петропавловскиот манастир кај градот Лјасковец. Потоа учи во Александровската гимназија во Николаев, Русија во 1884 година и право во Женева. Во 1887 година станува судија на Софискиот окружен суд. Близок соработник на Димитар Благоев, Габровски учествува во создавањето на БСДП во 1891 година.[1]. Подоцна влегува во редовите на Бугарска работничка социјалдемократска партија, а по нејзинот расцеп оди кај тесните социјалисти. Од 1892 година до 1894 година е уредник на весникот „Работник“, учествува и во издавањето на "Бугарска социјалдемократска библиотека". Во 1894 година станува член на осмото обично Народно собрание заедно со Јанко Сакзов.

Во април 1901 година е делегат на Осмиот македонско-одрински конгрес на Врховниот Македонски Комитет.[2] По расцепот во БРСДП во 1903 година е на страната на широките социјалисти. Во 1914 раскинува контактите со нив и влегува во БРСДП - тесни социјалисти. Во 1919-1923 година е народен претставник од листовите на тесните социјалисти.

На 11 јуни 1925 година е убиен во Велико Трново, за време на репресиите по извршениот претходно атентат во црквата Света Недела.[3]

Наводи

уреди
  1. „личност во книгата Тодор Живков - мит и вистина“. Архивирано од изворникот на 2012-02-09. Посетено на 2012-10-24.
  2. Елдъров, Светослав. Генерал Иван Цончев. Житие на два животот, воена издавачка куќа, Софија, 2003, стр 83.
  3. Кратка Биографија на Никола Габровски.[мртва врска]