Никола Љушев - македонски менаџер.

Животопис

уреди

Никола Љушев дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје, во областа на електрониката и телекомуникациите, а своето образование го надополнил и на неколку меѓународни школи и универзитети, како: „Harvard Business School“, „INSEAD“, Универзитетот во Чикаго, итн.[1]

Кариера

уреди

Од 2007 до 2015 година, Љушев бил главен извршен директор на „Вип“, а потоа, во текот на 2015-2016 и главен извршен директор на „Оне.Вип“. Потоа бил поставен за главен извршен директор на „Црногорски Телеком“, а во јули 2018 година бил назначен за главен извршен директор на „Македонски Телеком“, при што истовремено продолжил да ја извршува и функцијата главен извршен директор на „Црногорски Телеком“. Во 2010 и во 2011 година, лондонското списание „Global Telecom Business“ го избрало Љушев за еден од четириесетте најдобри извршни директори, помлади од 40 години, во светскиот телекомуникациски сектор.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Мирослав Саздовски, „Никола Љушев, нов главен извршен директор на Македонски Телеком“, Економија и бизнис, година 20, број 241, јули/август 2018, стр. 8.