Николај Духов
Николај Леонидович Духов (руски: Николай Леонидович Духов; 8 ноември [ст. ст. 26 октомври] 1904 – 1 мај 1964) бил советски дизајнер на автомобили, трактори, тенкови и нуклеарно оружје.[1]
Николај Духов | |
---|---|
Роден(а) | Николај Леонидович Духов 8 ноември [ст. ст. 26 октомври] 1904 Вепрјк, Гадјач, Полтава, Руска империја |
Починал(а) | мај 1, 1964 Москва, Советски Сојуз | (возр. 59)
Алма матер | Политехнички универзитет во Ленинград |
Награди | Херој на социјалистичкиот труд (трипати) |
Биографија
уредиДухов работел во фабрика за трактори. Во 1926 година, собранието на фабриката Комсомол го испратила да студира во институт во Харков, по што го префрлиле без да го тестираат на машинскиот факултет во Политехничкиот универзитет во Ленинград за да студира инженерски дизајн за трактори и автомобили. Тој бил одговорен за дизајнирање на советски трактори и тешки тенкови во 1930-тите.
Во Втората светска војна тој бил ко-дизајнер (заедно со Јозеф Котин) на тешкиот тенк Сталин.
Во 1948 година, тој бил назначен за помошник на Јули Каритон, главниот конструктор на советската атомска бомба. Тој ја продолжил својата работа на нуклеарни проекти до неговата смрт во 1964 година.
Предавал во Патниот институт во Ленингран и на машинскиот факултет на Политехничкиот универзитет во Ленинград. Станал дописен член на Академијата на науките на Советскиот Сојуз (1953).
Награди
уреди- Трикратен херој на социјалистичкиот труд
- Ленинова награда
- Пет Сталин награди
- Четири ордени на Ленин
- Орден на Суворов, втор степен
- Орден на Црвеното знаме на трудот
- Орден на Црвената звезда
Наводи
уреди- ↑ „ДУХОВ Николай Леонидович“. Энциклопедия Челябинск.