Никогаш не вели никогаш
Никогаш не вели никогаш (англиски: Never Say Never) — филм за тајниот агент Џејмс Бонд, во режија на Ирвин Кершнер.
Факти за филмот
уредиФилмот „Никогаш не вели никогаш“ е режиран од режисерот Ирвин Кершнер, а главните улоги ги толкуваат Шон Конери, Ким Бејсингер, Клаус Марија Брандауер и Макс фон Сидов. Овој филм, снимен во 1983 година, е дел од циклусот посветен на тајниот агент Џејмс Бонд и претставува преработка на филмот „Операцијата Гром“.[1]
Содржина
уредиВо филмот се прикажуваат настојувањата на Џејмс Бонд да ја уништи терористичката организација „Спектра“, која украла јадрени бомби по наредба на озлогласениот Ларго. Притоа, членовите на „Спектра“ му се закануваат на НАТО дека ќе ги лансираат проектилите во населени места, доколку не им биде исплатена голема сума откуп. Бонд добива задача да ги врати јадрените проектили и да ги уништи Блофелд и Ларго. Притоа, една од главните противнички му е заводливата Фатима Блаш. Од друга страна, Бонд се обидува да ја заведе прекрасната девојка на Ларго.[1][2]