Никеи 225 (англиски: Nikkei 225) - главен берзански индекс на Токиската берза.

Состав на индексот

уреди

„Никеи 225“ е составен е од 225 акционерски друштва и пресметан е според системот на ценовно пондерирање. Тоа значи дека фирмата со поголема цена на акцијата има поголемо влијание врз движењето на индексот. Најголемото друштво што котира на берзата е „Тојота“ чиај пазарна капитализација надминува 180 милијарди долари, а второто најголемо друштво е „Софтбенк“ со пазарна капитализација од 112 милијарди долари. Акциите во состав на индексот се поделени во 35 сектори.

Табела 1. Секторска структура на Никеи 225

Сектор Бр. на друштва Сектор Бр. на друштва
Храна 11 Текстил 4
Хартија 2 Хемикалии 17
Фармација 9 Нафта и јаглен 2
Гумени производи 2 Стакло и кристали 8
Обоени метали 5 Обоени метали 12
Машини 16 Електрични машини 27
Бродоградба 2 Услуги 11
Трговски компании 7 Градежништво 9
Рударство 1 Гас 2
Електрична енергија 3 Телекомуникации 6
Работа со инвентар 1 Авионски транспорт 1
Бродски транспорт 3 Копнен транспорт 2
Железници 8 Недвижности 5
Останати финансиски услуги 1 Осигурување 6
Хартии од вредност 3 Банкарство 11
Продажба 8 Рибарство 2
Останато производство 3 Прецизни инструменти 5
Автомобилска индустрија 10

Наводи

уреди