Несреќно дупење или лудо порно
„Несреќно дупење или лудо порно“ (романски: Babardeală cu bucluc sau porno balamuc) — филм на романскиот режисер Раду Јуде (кој е автор и на сценариото) од 2021 година. Главните улоги ги играат: Катја Паскариу, Клаудија Јеремија, Олимпија Малај и Никодим Унгуреану.[1]
Синопсис
уредиЕми (ја игра Паскариу) е професорка по историја во една позната гимназија во Букурешт. Таа и нејзиниот сопруг се снимаат додека имаат полов однос, а снимката ја ставаат на специјализиран порнографски портал на интернет. Меѓутоа, набргу, снимката доаѓа во јавноста, а тоа предизвикува скандал во училиштето. Затоа, директорката на училиштето (ја игра Јеремија) организира родителска средба на која повеќето родители ја осудуваат Еми како неморална жена и бараат да си даде отказ до работното место. На крајот од филмот, режисерот дава три различни завршетоци: прво, на гласањето, повеќето родители гласаат Еми да остане на работа; второ, родителите гласаат Еми да си замине, а таа мирно ја прифаќа одлуката; трето, родителите гласаат Еми да си замине, а таа се претвора во супер-херој и ги заробува присутните во мрежа, а потоа ги принудува на орален полов однос со вештачки пенис.