Неофашизам
Неофашизам — идеологија која се јавува после Втората светска војна, содржи важни елементи на фашизмот, т.е. со него сочинува континуитет.
Особините на неофашизмот можат да се применат на групи кои изразуваат одреден восхит спрема ликот и делото на Бенито Мусолини и Адолф Хитлер или спрема било кој друг фашистички водач, фашистичка држави или движење. Неофашизмот обично вклучува ултра национализам, популизам, антиимиграциска политика и/или понегде политички нативизам, антикомунизам, т.е. противење на парламентарниот систем и либералната демократија. Означувањето на некои групи како неофашистички можат да предизвикаат бурни реакции, поготово ако тоа се користи како политички епитет. Некои режими после Втората светска војна се опишани како неофашистички поради својата авторитативна политика.
Постфашизам е поим кој се применува на неколку европски политички партии кои застапуваат изменети облици на фашизмот и кои учествуваат во уставната политика.[1][2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Постфашизам (англиски)
- ↑ Griffin, R. (2007) The 'post‐Fascism' of the Alleanza Nazionale: A case study in ideological morphology, Journal of Political Ideologies, 1/2: 123-145