Ненаситност и сиромаштија

„Ненаситност и сиромаштија“расказ на хрватскиот писател Вјенцеслав Новак.

Содржина

уреди

На крајот од учебната година, во четиригодишната гимназија во едно мало место се доделуваат свидетелствата при што потполно одлични се само двајца ученика: синот на еден пензиониран офицер и најдобриот ученик во гимназијата — Ѓуро Мудровчиќ, синот на една сиромашна вдовица која работи како перачка. Поттикнат од директорот и од професорите, Ѓуро конкурира за стипендија со цел да се запише на вишата гимназија во Загреб, меѓутоа стипендијата незаслужено ја добива синот на офицерот. Сепак, благодарение на заштедата на мајка му, Ѓуро се запишува во гимназијата. Тој и мајка му одат во Загреб, каде наоѓаат стан во една сиромашна, трошна куќа во која подолго време боледува жената на сопственикот на куќата. И во загребската гимназија, Ѓуро е најдобар ученик, но во меѓувреме се разболува. За време на распустот, тој се враќа дома, а во меѓувреме умира болната жена на станодавачот. Есента, започнува новата учебна година, но Ѓуро е принуден да остане дома. Набргу, неговата болест се влошува и тој умира. Расказот завршува со сцената во која мајка му плаче над гробот на својот син, а тогаш, во близината минува жената на офицерот која изјавува дека сиромашните луѓе не тагуваат толку многу зашто се навикнати на маките.[1]

Изданија на македонски јазик

уреди

Расказот е објавен на македонски јазик во 1951 година, како посебна книга на Државното книгоиздателство за уметничка литература „Кочо Рацин“. Книгата, со обем од 38 страници, била испечатена во печатницата „Гоце Делчев“ во јуни 1951 година, во тираж од 3 000 примероци. Преводот од српски јазик го направил Алексо Куцуровски, а нацртот на корицата е дело на Василие Поповиќ - Цицо. Книгата не е каталогизирана.[1] Во 1967 година, расказот бил објавен од издавачката куќа „Култура“.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Вјенцеслав Новак, Ненаситност и сиромаштија (расказ). Скопје: „Кочо Рацин“, 1951.