Нела Хасанбеговиќ
Нела Хасанбеговиќ е вајарка од Босна и Херцеговина.[1].
Нела Хасанбеговиќ Nela Hasanbegović | |
---|---|
Роден(а) | Нела Хасанбеговиќ 21 јануари 1984 Сараево, СР Босна и Херцеговина, Југославија |
Националност | босанка |
Познат(а) по | вајарка |
Значајни дела | "Помеѓу светлината и темнината", "Столбови" |
Мреж. место | Nela Hasanbegović |
Завршила Средно училиште за применета уметност на „Катедра за скулптура“, во класата на професор Стијепа Гавриќ, во Сараево во 2002 година. Завршила Ликовна академија во Сараево во 2007 година, на Катедрата за скулптура во класата на професорот Мустафа Скопљак. Член на Здружение на ликовни уметници на Босна и Херцеговина од 2007 година. Од 2011 година е член на Здружението за култура и уметност - Црвена. Во 2012 година е избрана за асистент на Академијата за ликовни уметности во Сараево[2].
Изложувала на голем број самостојни и групни изложби. 2005 година е прогласена за најдобар студент на Катедрата за скулптура, Академија за ликовни уметности, Сараево.
Живее и работи во Сараево.
Дела
уреди- „Помеѓу светлината и темнината“
- "Столбови"
Награди
уреди- 2007 година - Награда „Кенан Солаковиќ“ за скулптурата „Салон на младите“, Сараево
- 2008 година - „Приватно и јавно“, Широки Брег,
- 2011 година - Награда за експериментален цртеж, Анале на цртежи, Мостар, БиХ.
- 2012 година - Награда за современи медиуми „Колегиум артистикум“
- 2013 година - Награда за нови медиуми УЛУБиХ - за светлосната инсталација „Меѓу светлината и темнината“
Наводи
уреди- ↑ „Hasanbegović Nela“. Архивирано од изворникот на 2021-04-12. Посетено на 2021-04-12.
- ↑ Nela Hasanbegović