Негонороичен уретрит
Под негонороичен уретрит се подразбира воспалителен процес на уретрата кој не е предизвикан од гонокок. Негонороичниот уретрит уште се нарекува и уретритис симплекс, уретритис нонспецифика и др.
Негонороичен уретрит | |
---|---|
Специјалност | Урологија |
Причина
уредиПричината за уретрит може да биде трауматска, инфективна или алергиска. Трауматски уретритис настанува по траума на уретрата, која може да биде механичка, физичка или хемиска.
Механичка траума
уредиМеханичка траума настанува после инструментални интервенции во уретрата, како катетеризација, ендоскопски испитувања на уретра и др., воспалението трае 5-7 дена и спонтано се повлекува.
Физичка траума
уредиФизичката траума може да биде со студ или топлина, најчесто при капење во студена вода, а симптомите се зачестено мокрење, болка при мокрењето и болка во препоните.
Хемиска траума
уредиХемиска траума настанува после употреба на дезинфекциони средства локално пример алкохол, при што се дразни слузокожата на уретрата и се јавува црвенило, болка, печење, зачестено мокрење. Симптомите постепено се повлекуваат,а за да не дојде до секундарна бактериска инфекција кај сите видови на воспаление се даваат антибиотици.
Предизвикувачи
уреди- Инфективен уретрит може да биде предизвикан од бактерии, вирус, габи и др. Најчести бактериски предизвикувачи се Ешерихија коли, ентерококи, пнеумококи, стафилококи и др. Симптоми се заматена урина, зачестено мокрење, пецкање околу отворот на уретрата, умерени до јаки болки при мокрење. Лекување со антибиотска терапија. Уретрит предизвикан од Херпес симплекс вирус предизвикува јаки болки, висока температура, заматена урина, зголемени регионални лимфни јазли и често рецидивира.
- Од габичните уретрити најчест предизвикувач е Кандида албиканс и тоа претежно кај лица со дијабет и лица кои имаат вагинална кандидијаза. Уретрит предизвикан од Трихомонас вагиналис се јавува кај мажи, а се пренесува по полов пат кај жените во вагиналната слузокожа. Симптоми на овој уретрит се пенлив-жолтеникав секрет од уретрата без други субјективни тегоби. Терапијата се состои од таблети Флажил. Рецидивите се чести.
- Алергиски уретрити настануваат како резултат на дразнење на уретрата со алергени, кои најчесто се медикаментозни или нутритивни. Симптомите се секрет од уретрата и силен јадеж. Терапијата се состои од давање на антихистаминици.
Надворешни врски
уредиОваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |