Невски Залив
најисточниот дел на Финскиот Залив
Невски Залив (руски: Невская губа) или „Кронштатски Залив“ — најисточен дел на Финскиот Залив, сместен помеѓу островот Котлин и устието на реката Нева во градот Санкт Петербург, Русија. Зафаќа површина од 380 км².
Во подрачјето кон Балтикот е изградена брана што го двои заливот од морето и спречува поплавувања на градот и околината.[1]
Заливот го носи и неформалното име Маркизова Бара (Марки́зова лу́жа), наречена по поморскиот министер, маркизот Иван Иванович Траверсе (Жан Батист Прево де Сансак, 1754-1831), кој ги користел плитките води на заливот како погодно место за воени вежби на морнарицата.[2].
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ рус. Комплекс защитных сооружений Санкт Петербурга от наводнений
- ↑ Маркизова лужа Архивирано на 14 јули 2014 г. — Энциклопедия Санкт Петербурга
Оваа статија место во Русија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |