Невини (филм од 1961)
„Невини“ (англиски: The Innocents) – филм на режисерот Џек Клејтон (Jack Clayton) од 1961 година, снимен по сценариото на Вилијам Арчибалд (William Archibald) и Труман Капоти (Truman Capote). Филмот е заснован врз романот „Вртењето на завртката“ на американскиот писател Хенри Џејмс. Главните улоги ги играат: Дебора Кер (Deborah Kerr), Мајкл Редгрејв (Michael Redgrave) и Мегс Џенкинс (Megs Jenkins). На Канскиот филмски фестивал, филмот бил номиниран за „Златната палма“.[1]
Синопсис
уредиВо една куќа пристига млада гувернанта која треба да се грижи за две деца – брат и сестра. Таа се сомнева дека куќата е опседната од духови, кои владеат со децата...