Четири божиќни прослави

(Пренасочено од На 4 места за Божиќ)

Четири божиќни прослави (англиски: Four Christmases или Four Holidays во Австралија и Нов Зеланд) е божиќна романтична комедија која се работи за еден пар кои оди да ги посети нивните четворица разведени родители во еден ден. Филм е продуциран од Spyglass Entertainment а издаден од New Line Cinema на 24 ноември 2008, ден пред Денот на благодарноста и е дистрибутиран од Warner Bros. Pictures. Главни улоги се Винс Вон и Рис Витерспун кои го глумат заљубениот пар. Сиси Спејсек, Мери Стинбурген, Кристин Ченовет, Џон Војт, Џон Фејвру и Руберт Дуввал се појавуваат во споредни улоги. Ова е прв вистински филм режиран од Сет Гордон.[1]

„Четири божиќни прослави
Four Christmases
РежисерСет Гордон
ПродуцентГери Барбер
Роџер Бирнбаум
Џонатан Гликмен
Винс Вон
Рис Витерспун
СценаристМет Ален
Калеб Вилсон
Скот Мур
Џон Лукас
Главни улогиВинс Вон
Рис Витерспун
Сиси Спејсек
Роберт Дувал
Кристин Ченовет
ДистрибутерWarner Bros. Pictures
New Line Cinema
Премиера26 ноември 2008
Времетраење82 мин.
ЗемјаСАД
ЈазикАнглиски

Синопсис

уреди

Утрото на Божиќ, Кејт и Бред, кои живеат заедно, непријатно ќе се изненадат од маглата, бидејќи тоа значи дека нема да можат да заминат на планираниот егзотичен одмор туку ќе мора да останат дома за празникот, кој секоја година одбегнуваат да го прослават со своите семејства бидејќи тоа значи и четири различни божиќни прослави. Нивните родители се разведени па тоа Божиќната прослава ќе се сведе на посета на четири различни домови. Додека Бред одвај чека да заврши сето тоа и да помине метежот од родители, нивните втори брачни другари, сестри, браќа, внуци и други роднини, Кејт почнува да размислува за нивниот живот и почнува да се преиспитува дали можеби сепак изборот на нивните семејства за таков семеен живот е вистинскиот.

Глумечка екипа

уреди

Наводи

уреди