Винс Вон
Винсент Ентони „Винс“ Вон (роден на 28 март 1970 г.) — американски глумец, продуцент, сценарист, активист и комичар.
Винс Вон | |
---|---|
Вон во 2011 година | |
Роден(а) | Винсент Ентони Вон 28 март 1970 Минеаполис, Минесота, САД |
Занимање | Глумец, продуцент, сценарист, активист, комичар |
Активен период | 1988–сè уште |
Сопружник | Кајла Вебер (в. 2010) |
Деца | 2 |
Вонс започнал да се занимава со глума во доцните 1980-ти години играјќи мали телевизиски улоги. Тој ѝ станал познат на пошироката јавност во 1996 година, играјќи во комичната драма Каде се девојките?. Тој играл улоги во бројни филмови во 1990-те години, вклучувајќи ја спортската драма Руди (1993), научно-фантастичниот авантуристички филм Изгубениот свет: Паркот Јура (1997), и трилер драмата Враќање во рајот (1998).
Во 2000-те години, тој играл главно во комедии, и тоа во Денови на слава (2003), Пази, топка! (2004), Расипувачи на венчавки (2005), Раскинување (2006), Фред Мраз (2007) и Четири божиќни прослави (2008). Тој продолжил со комичните улоги во 2010-те години, играјќи во комедиите Дилема (2011), Вонземјани во соседството (2012) и Приправници (2013).
Во 2015 година, тој го играл Френк Семјон во втората сезона од криминалната телевизиска серија Вистински детектив заедно со Колин Фарел и Рејчел Мекадамс. Во 2016 година, тој играл во критички пофалениот филм Гребен на спасените.
Надворешни врски
уреди„Винс Вон“ на Ризницата ? |
- Винс Вон на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Винс Вон на Charlie Rose
- Дела од или за Винс Вон во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)