„На продажба“ — (француски: À vendre) — расказ на францускиот писател Ги де Мопасан, првпат објавен во весникот „Фигаро“ на 5 јануари 1885 година.

Содржина

уреди

Раскажувачот шета по морскиот брег во Бретања и ѝ се восхитува на природата. Тој здогледува убава куќа на која стои натписот дека се продава. Тој влегува внатре за да ја разгледа куќата и здогледува фотографија на убава жена. Слугинката му раскажува дека таа е поранешната жена на сопственикот на куќата. Тој ја запознал во Италија, некое време живееле во куќата, но едно утро, жената ненадејно си заминала. Тогаш, раскажувачот ја зема фотографијата со себе, среќен поради бегството на жената, и си замислува дека еден ден ќе ја сретне и дека ќе живеат заедно во некоја слична куќа.[1]

Наводи

уреди
  1. „На продају“ во: Гиј де Мопасан, Изабране новеле (друга књига). Култура, Београд, 1950, стр. 282-290.