Национална црква на Нигерија
Национална црква на Нигерија, претходно позната како Национален екуменски центар, а официјално именувана како Национален христијански центар — христијански храм и главна црква во Нигерија. Црквата се наоѓа во Абуџа.
Национален христијански центар | |
---|---|
Национална црква на Нигерија во Абуџа | |
Основни податоци | |
Место | Абуџа, Нигерија |
Координати | 9°03′07″N 7°29′40″E / 9.05194° СГШ; 7.49444° ИГД |
Припадност | христијанство |
Архитектонски опис | |
Архитектонски тип | Црква |
Архитектонски стил | постомдернистичка неоготска архитектура |
Општ изведувач | Гито Коструциони Генерали Нигериа Лтд |
Завршен | 2005 |
Особености | |
Кули | 1 |
Историја
уредиЦрквата била дизајнирана во постмодернистичка верзија на неоготски архитектонски стил. Црквата била дизајнирана од нигериската архитектонска форма Дарчиворк Груп, со седиште во Лагос. Изградбата на црквата била направена од италијанската фирма Гито Конструциони Генерали Нигериа.
Проектот бил започнат во 1989 година, и изградбата се одвивала многу споро сè до 2004 година. Тогаш, Христијанската Асоцијација на Нигерија презела чекори за побрзо завршување. Изградбата завршила на 2 октомври 2005 година, симболично поклопувајќи се со 45 годишнината од независноста на државата.
Поврзано
уреди„Национална црква на Нигерија“ на Ризницата ? |
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |