Национална хокеарска лига
Националната хокеарска лига (англиски: National Hockey League, NHL) — професионална лига во хокеј на мраз составена од 30 клубови од Северна Америка. Се смета за најсилната професионална хокеарска лига во светот,[1] и една од главните професионални спортски лиги на северноамериканскиот континент. Победникот на лигата секоја година го освојува Стенли купот, еден од најстарите професионални спортски трофеи[2].
Амблемот на НХЛ бил обновен во 2005 | |
Кратенка | НХЛ (NHL) |
---|---|
Основана | 1917 |
Цел | Здружение на професионални спортски клубови за хокеј на мраз |
Регион | Канада САД |
Членство | 30 клубови |
Директор | Гери Бетмен |
Мреж. место | NHL.com |
Лигата е основана во 1917 година во Монтреал, Канада, од 5 тима: Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас. Денес, лигата брои 30 клубови од кои 6 се канадски, а останатите 24 од САД.
Во НХЛ играат многу од најдобрите играчи од целиот свет. Оваа година (2008.) во лигата настапуваат играчи од 20 различни земји.[3][4] Канаѓаните традиционално се најбројните играчи во НХЛ бидејќи и спортот хокеј и лигата потекнуваат од Канада. Во последните 25 години, учеството на играчи од САД и Европа постојано се зголемува поради ширењето на НХЛ во САД, високите спортски стандарди и достапноста на квалитетни играчи од Источна Европа.[5]
Наводи
уреди- ↑ Марш, Џејмс (2006). „Национална Хокеарска Лига“. Канадска Енциклопедија. Архивирано од изворникот на 2011-05-18. Посетено на 2006-06-11.
- ↑ „NHL.com - Факти за Стенли Купот“ (англиски). НХЛ. Посетено на 2006-07-15.
- ↑ „НХЛ сѐ уште најмногу ги сака Чесите“. IWHC.net. 2006–05–16. Архивирано од изворникот на 2007-07-14. Посетено на 2006-06-09. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „НХЛ сака да го замрзне глобалното затоплување“. NHL.com. Посетено на 2008-04-26.
- ↑ Европските играчи во НХЛ преземаат водечки и капитенски улоги.