Национална селанска партија (Унгарија)
Национална селанска партија (унгарски: Nemzeti Parasztpárt, NPP) – политичка партија во Унгарија меѓу 1939 и 1949 година. Партијата ја водел писателот Петер Вереш. Партијата повторно кратко време оживеала за време на Унгарска револуција од 1956 годинаи после падот на комунизмот во 1989/90 година.
Национална селанска партија Nemzeti Parasztpárt | |
---|---|
Прв водач | Петер Вереш |
Последен водач | Карољ Добжај |
Основана | 1939 (1.) 31 октомври 1956 (2.) 11 јуни 1989 (3.) |
Распуштена | 1949 (1.) 4 ноември 1956 (2.) 15 јуни 1998 (3.) |
Весник | Сабад Со |
Идеологија | Земјоделизам |
Полит. положба | Лево крило |
Историја
уредиПартијата била основана во 1939 година, а формално како организација постои од 19 септември 1944 година. .[1] Освои 42 места на унгарските парламентарни избори во 1944 година. Следната броела 170 000 членови,[2] иако освои 23 места на унгарските парламентарни избори истата година. На парламентарните избори во 1947 година партијата освоила 36 од 411 места во собранието.
На парламентарните избори во 1949 година, настапиле заедно со комунистичкиот Независен народен фронт, и освоиле 39 места.[3] Со усвојувањето на новиот устав во август 1949 година, земјата станала еднопартиска, а Националната селанска партија се споила со комунистичко водената Унгарска работничка народна партија.[1][4]
После Унгарска револуција од 1956 годинаУнгарската револуција од 1956 година, партијата била обновена под името „Петефиева партија“ и била вклучена во краткотрајната нова влада.[5] За време на транзицијата во демократија (1989-1990), членовите на членовите на друштвото Петер Вереш повторно ја воспоставиле партијата под името Унгарска народна партија на 11 јуни 1989 година и учествувала на опозициските разговори на тркалезна маса. Унгарската народна партија имала големи надежи во однос на првите демократски избори во 1990 година, но освоиле само 0,8% од гласовите. После тоа президиумот го променил името во Унгарска народна партија-Национална селанска партија. Кратко пред парламентарните избори во 1994 година, две третини од членството му се придружила на Националниот демократски сојуз предводен од Золтан Биро и Имре Пожгај. Се затрела до крајот на деценијата.[6]
Идеологија
уредиГлавната политика на партијата била земјишна реформа. Ја добила поддршката од средните и ниските класи на село, како и од интелектуалците во провинциите и била најпопуларна во источна Унгарија.[2] Била спонзорирана од Комунистичката партија на Унгарија бидејќи таа не можела да ја добие поддршката од селските гласачи.[1] Тоа значело дека нејзините поддржувачи биле поблиски до Комунистичката партија на Унгарија отколку до Социјалдемократската партија на Унгарија.[7]
Парламентарна застапеност
уредиГодина | Национално собрание | Влада | |||
---|---|---|---|---|---|
#од вкупните гласови |
% од вкупните гласови |
#од вкупните места |
+/– | ||
1944 | 42 / 498
|
во влада | |||
1945 | 23 / 409
|
▼ 19 | во влада | ||
1947 | 36 / 411
|
▲ 13 | во влада | ||
19491 | 39 / 402
|
▲ 3 | во влада | ||
1990 | 0 / 386
|
вонпарламентарна |
1УСП била член на комунистичкиот Независен народен фронт. Унгарија станал еднопартиска држава по изборите во 1949 година
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Vincent E McHale (1983) Political parties of Europe, Greenwood Press, p507 ISBN 0-313-23804-9
- ↑ 2,0 2,1 Mária Palasik (2011) Chess Game for Democracy: Hungary Between East and West, 1944-1947, McGill-Queen's Press, p37
- ↑ Nohlen, D & Stöver, P (2010) Elections in Europe: A data handbook, p931 ISBN 978-3-8329-5609-7
- ↑ Nohlen & Stöver, p880
- ↑ McHale, p508
- ↑ Múlt-kor (2009) Magyar Néppárt a népi írók nyomdokain
- ↑ Palasik, p38