Национален собирен центар, Пекинг
Националниот собирен центар (кин. 北京國家會議中心) е нов собирен центар во Олимпискиот парк во Пекинг. Дело е на архитектите од РМЏМ и наменет е како борилиште за Летните олимписки игри 2008. Зазема површина од 270,000 m². Ова е едно од главните зданија во Олимпискиот парк.
Центарот е борилиште за натпреварите во мечување , стрелачката и мечувалската дисциплина на современиот петобој, како и Меѓународниот центар за радиодифузија и Главниот прес центар.
По Олимписките игри зданието ќе се користи како првокласен собирен и изложбен центар.